Донауштауф
гратче во Баварија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Донауштаф (германски: Donaustauf) — гратче и општина во округот Регенсбург, Баварија, сместено на 5 км источно од истоимениот град, во подножјето на Баварската Шума. Над местото се издигаат рушевините на средновековниот замок, изграден некаде помеѓу 914 и 930 г. На блискиот рид крај реката Дунав се наоѓа впечатливиот тевтонски паметник „Валхала“ направен по пример на Партенонот во Атина. Паметникот е изграден по нарачка на баварскиот крал Лудвиг I и отворен на 18 октомври 1842 г. со цел да ги чествува великаните од историјата на германските народи[2]
Гратчето било лено во Војводството Баварија, но во 1710 г. е предадено на Регенсбуршката архиепископија. Во 1803 г. влегло во соостав на новосоздаденото Кнежевство Регенсбург, но само по 7 години ѝ е вратено на Баварија согласно Парискиот договор од 1810 г., која пак им го подарила на кнезовите на Турн и Таксис. Во 1899 г. владејачкото семејство е унапредено во војводско, добивајќи ја титулата Војводи на Верт и Донауштауф.
Во 1843 г. е изграден нов замок за Максимилијан Карл, кнезот на Турн и Таксис. Истиот е наполно уништен во пожар на 4 март 1880 г.[3]
Remove ads
Населени места во општината
Општината Донауштауф се состои од седум населени места:[4]
- Дахсберг
- Донауштауф
- Хамермиле
- Кламер
- Нојмиле
- Паркхаус
- Сулцбах на Дунав [5]
Поранешното место Рајфлдинг е припоено кон потесниот Донауштауф.
Галерија
- Стариот замок на гравура од 1644 г.
- Споменикот „Валхала“
- Црквата „Св. Спас“
- Црквата „Св. Архангел Михаил“
- Улицата „Максштрасе“
- Рушевина од замокот
- Црквата „Св. Спас“ и „Валхала“. Лео фон Кленце, 1839 г.
- Некогашната градска управа
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads