Дојранска Котлина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дојранска Котлина
Remove ads

Дојранската Котлина или Дојрански Ровкотлина во крајниот југоисточен дел на Македонија.[1] Настанала со неотектонските движења на издигање и тонење во неогенот, по должината на раседните линии на Беласица од северозапад на која се наоѓаат неколку поистакнати врвови: Чатал Чешма и Тепе (1.474 м); ниската планина Даб (974 м) од запад; од исток ограноците на Круша Планина. Котлината има триаголна форма во која е сместено Дојранското Езеро. Поголем дел од котлината, особено дното – рамништето, лежи во Егејскиот дел на Македонија (Грција), а на територијата од Македонија зафаќа површина од 62 км2, со надморска височина од 148 до 148,5 м. На Котлината ѝ припаѓаат крајните југозападни делови од планината Беласица, кои стрмно се спуштаат во Асанлиско Поле. Езерото во плеистоценот по својата форма и големина било поголемо. Најпозната населба е Дојран што претставува важен туристички центар.[2]

За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Thumb
Глетка на Дојранското Езеро и котлина од Беласица
Remove ads

Поврзано

  • Карабалија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads