Драганчо Илиевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Драганчо Илиевски
Remove ads

Драганчо Илиевски (Скопје, 9 февруари 1969 Попова Шапка, Тетовско, 17 март 2001 ) бил македонски бранител, постар водник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 17 март 2001 на Попова Шапка при пад на хелихоптерот Ми-17.[1]

Кратки факти Драганчо Илиевски, Роден во: ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Урнатиот Ми-17 во кое загинал Драганчо Илиевски на Попова Шапка, 17 март 2001.

Живот, војната 2001 година и смрт

Голема чест е да се чуваат и бранат граничните меѓи на родната земја. Со тоа вековно чувство, сегашните генерации кои доживеаја да живеат во независна македонска држава ја преземаат и извршуваат задачата со голем предизвик - бранител на Република Македонија. Тоа возвишено чувство силно се препознаваше во динамичниот и мошне почитуван постар водник прва класа Драганчо.

Задачата го одведе на планинска убавица, Шара која толку многу ја сакаше и познаваше, неизмерно со војниците и се радуваше и возхитуваше, никогаш не претпоставувајќи дека токму тука, недалеку од караулата ќе биде местото на последната издишка на Драганчо, син и најголема радост на мајката Мира и таткото Глигор; домаќин на сопственото семејство и неговото и на сопругата најголемо богатство во синот и ќерката кои останаа сираци кога татковата помош најмногу им требаше.

Загина на 17 март 2001 година, на 31 години за да споменот за него вековито трае. Драганчо Илиевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads