Драганчо Илиевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драганчо Илиевски (Скопје, 9 февруари 1969 – Попова Шапка, Тетовско, 17 март 2001 ) бил македонски бранител, постар водник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 17 март 2001 на Попова Шапка при пад на хелихоптерот Ми-17.[1]
Remove ads
Животопис

Живот, војната 2001 година и смрт
Голема чест е да се чуваат и бранат граничните меѓи на родната земја. Со тоа вековно чувство, сегашните генерации кои доживеаја да живеат во независна македонска држава ја преземаат и извршуваат задачата со голем предизвик - бранител на Република Македонија. Тоа возвишено чувство силно се препознаваше во динамичниот и мошне почитуван постар водник прва класа Драганчо.
Задачата го одведе на планинска убавица, Шара која толку многу ја сакаше и познаваше, неизмерно со војниците и се радуваше и возхитуваше, никогаш не претпоставувајќи дека токму тука, недалеку од караулата ќе биде местото на последната издишка на Драганчо, син и најголема радост на мајката Мира и таткото Глигор; домаќин на сопственото семејство и неговото и на сопругата најголемо богатство во синот и ќерката кои останаа сираци кога татковата помош најмногу им требаше.
Загина на 17 март 2001 година, на 31 години за да споменот за него вековито трае. Драганчо Илиевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads