Драган Великиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Драган Великиќ
Remove ads

Драган Великиќ (српски: Драган Великић; Белград, 1953) - српски писател.

Кратки факти Роден, Занимање ...

Животопис

Драган Великиќ е роден во Белград, во 1953 година. На Филолошкиот факултет во Белград дипломирал општа книжевност со теорија на книжевноста. Од 1994 до 1999 година работел како уредник на издавачката дејност на Радиото Б 92, а истовремено пишувал колумни за повеќе списанија, како: „Време“, „НИН“, „Данас“, „Репортер“ и „Статус“. Од јуни 2005 до ноември 2009 година бил српски амбасадор во Австрија. Живее во Белград работејќи како слободен писател.[1]

Remove ads

Творештво

Великиќ е автор на следниве дела:[2]

Неговите книги се преведени на 15 европски јазици и на арапски јазик, а застапен е во неколку српски и странски антологии. Според Горчин Стојановиќ, „... малку се вистинските писатели како Великиќ. Тој е уживање во чистата литература. Неговата реченица секогаш ве води понатаму, како што во музиката правеше Хендрикс“.[3]

Великиќ е добитник на неколку награди и признанија, како:[2]

  • Наградата „Милош Црњански“ за делото „Виа Пула“ (1988)
  • Стипендија на Фондот „Борислав Пекиќ“ за делото „Северниот ѕид“ (1995)
  • НИН-овата награда, наградата „Меша Селимовиќ“ и Средноевропската награда за книжевност за делото „Руски прозорец“ (2007)
  • Наградата на градот Будимпешта за 2013 година.
  • НИН-овата награда, „Кочиќево перо“ и Виталовата наградата за делото „Истражител“ (2015)
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads