Драган Шопкин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драган Перов Шопкин ( 1923 во Бањане — 1945 во Бањане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис
Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство, а времено и со чување на добиток. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово за дефинитивното ликвидирање и разоружување на балистичките банди. Од Косово заминал во Војводина, каде учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Од воените напори се разболел, по што бил испратен на домашно лекување. Починал во Бањане во 1945 година, од последиците на болеста.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads