Драгица Илинчиќ-Ѓуровиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгица Илинчиќ-Ѓуровиќ ( 1925 во Ракош, Пеќ, Косово и Метохија — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис

Учествувала во НОД од 1941 година како член на СКОЈ. Во октомври 1941 година, заедно со родителите отишла во Копаничкиот партизански одред. Во акцијата па рудникот Бело Брдо била заробена со својата десетина од четниците и одведена во затворот во Куршумлија, од каде ги ослободиле борците на Пасјачкиот партизански одред и стапила како борец во Јабланичкиот партизански одред. Во октомври 1943 година, со група борци дошла на Козјак, каде војувала против окупаторот и неговите соработници. Во новоформираниот Косовски одред 1944 година била раководител на СКОЈ, заменик комесар на чета, подоцна и на баталјон. Била борец и во во прешевската бригада и борец на Сремскиот фронт. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе други одликувања.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads