Драги Сетинов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драги Сетинов (роден на 13 февруари 1961 , во Скопје) — југословенски и македонски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Remove ads
Кариера
Клупска кариера
Кариерата ја започнал во 1981 година во Победа од Прилеп, со која одиграл само една сезона во која забележал 27 натпревари и постигнал еден гол. Во 1982 година, преминал во Вардар, каде одиграл пет сезони и забележал преку 100 настапи. Во 1986 година, се сели во Хајдук Сплит, за кој дебитирал на 10 август истата година во првенствениот натпревар против Риека. Веќе во првата сезона со клубот го освоил и својот прв трофеј во кариерата, Купот на Југославија, совладувајќи ја во финалето токму Риека по изведување на пенали. Во 1988 година го освоил Трофејот Били како најдобар играч избран од Слободна Далмација.[1] Во Хајдук останал до 1991 година, освојувајќи во својата последна сезона со клубот уште еден Куп на Југославија, овојпат после победа над Црвена ѕвезда во финалето со 1-0, во последното издание на натпреварувањето. Во 1991 година, заминал во грчкиот клуб Етникос Пиреја, каде ја одиграл својата последна сезона во кариерата.[2]
Репрезентативна кариера
Иако бил повикуван во репрезентацијата на Југославија, Сетинов никогаш не настапил за неа во официјален натпревар.[3]
Remove ads
Титули
Хајдук Сплит
- Куп на Југославија : 2
- 1986-1987, 1990-1991
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads