ФК Тетекс

македонски фудбалски клуб From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

ФК Тетексмакедонски фудбалски клуб од градот Тетово, Македонија. Тетекс е двократен шампион во Купот на Македонија. Во последните сезони, Тетекс своите натпревари ги игра на АМС спортскиот центар во Тетово. Духовен наследник на клубот е ФК Тетекс 1953.

Не го мешајте со сегашниот клуб Тетекс 1953 кој му е духовен наследник на првичниот ФК Тетекс. Доколку сакате да прочитате за кошаркарскиот клуб, видете КК Тетекс.
Кратки факти Прекар(и), Основан ...
Remove ads

Историја

ФК Тетекс бил оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс бил комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на Љуботен претежно бил составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за првпат станал шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освоил Купот.[1]

На крајот на јули 2020 година, управата на Тетекс го презема второлигашот клубот Лабуништа 2011 и го преселува клубот во Тетово. Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.[2][3]

Remove ads

Навивачи

Навивачите на ФК Тетекс се познати под името Војводи и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како Војводи Југ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навивачка група се бела и сина.

Состав

Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е:

Повеќе информации Име, Позиција ...

Стручен штаб

Повеќе информации Име, Функција ...

Собрание на ФК Тетекс

ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски, Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads