Евровизија 2011

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евровизија 2011
Remove ads

Евровизија 2011 — 56. натпревар за најдобра песна на Европа. Се одржа во Германија, која победи на Евровизија 2010, со песната „Satellite“ во изведба на пејачката Лена Мајер-Ландрут.

Кратки факти Домаќин, Локација ...
Thumb
Арена Дизелдорг – место каде се одржал настанот.

Официјалните датуми за полуфиналињата беа 10 мај и 12 мај 2011, а финалето се одржа на 14 мај 2011.[1]

Иако ЕБУ, како и минатата година работеше силно за да ги врати Италија, Австрија и Монако[2][3][4] повторно на сцена, Монако не испрати своја песна. Успехот на Германија во 2010 година, ја поттикна Австрија да направи враќање на Евровизија 2011.[3]

Remove ads

Историски факти

2011 година беше 3 пат за Германија да биде домаќин на Евровизија, а првпат таа да биде домаќин како обединета земја. Западна Германија ја организираше Евровизија во 1957[5] и 1983.[6]

Германија исто така е и првата земја од Големата четворка да победи на фестивалот од 2000 година, кога се направени и новите правила на Евровизија, кои дозволуваат четирите основачи на Евровизија - Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија да се квалификуват директно во финалето, заедно со победникот од претходната година. Според правилата на ЕБУ во овој случај бидејќи Германија како дел од Големата четворка беше победник, имаше потреба и за 5 земја која би одела директно во финалето. Според ЕБУ, тоа беше Турција која заврши на 2-то место на Евровизија 2010.[7]

На 30 август 2010 година беше објавено дека Сванте Стокселиус, супервизорот на Евросонг, ќе ја напушти оваа функција на крајот на 2010, што значеше дека друга личност ќе биде поставена да раководи со улогата на генерален супервајзер за Евросонг 2011 во Германија.[8]

Remove ads

Град домаќин

Првично, осум германски града пројавија интерес да бидат домаќин на Евровизија 2011.[9] вклучувајќи ги Берлин, Хамбург, Хановер, Гелзенкирхен,[10] Диселдорф, Келн, Франкфурт и Минхен.[9]

На 21 август 2010 од германската телевизија НДР беше објавено дека четири од овие града официјално поднеле кандидатура за да бидат домаќини на Евросонг 2011 Берлин, Хамбург, Хановер, и Диселдорф.[11]

  Емитувачка област на НДР

Планови каде би бил одржан фестивалот во секој град апликант:[12]

Thumb
  Земји учеснички
  Земји што не се квалификуваа за финалето
  Земјишто порано учествувале, но не учествуваа на Евровизија 2011
  • да се одржува фестивалот во Есприт Арената во Диселдорф
  • да се одржува фестивалот во егзибициска сала во Хамбург

Директорот на НДР Луц Мармор во интервју за весникот Хамбургер Абендблат на 31 септември истакна дека во почетокот на октомври е најверојатна дата за објавување на градот домаќин за Евросонг 2011.[13]

Remove ads

Учесници

Четириесет и три држави го потврдија своето учество за Евросонг 2011, вклучувајќи ја Австрија, која се врати на фестивалот неколку години од кога последен пат учествуваше на Евросонг 2007 во Хелсинки.[14] На 28 август 2010 година, на средба во Белград ЕБУ одлучи дека секоја држава мора да го одбере својот изведувач и песната пред 14 март 2011 година. На 14 март 2011, ждребката за редоследот беше одржана во градот домаќин.[15]

Полуфиналисти

  • Двете полуфиналиња се одржаа на 10 и 12 мај 2011.
  • Сите земји учеснички, освен големата четворка мораа да се напреваруваат во едно од двете полуфиналиња.
  • Десетте држави од секое полуфинале со највисок врој на бодови се квалификуваа во финалето.
  • Израел се натпреваруваше во второто полуфинале за да избегне неучествување поради религиски причини.[16]

Прво полуфинале

Повеќе информации ред.бр., Учесник ...
1.^ Вклучува две фрази на Француски јазик.

Второ полуфинале

Повеќе информации ред.бр., Учесник ...

Финале

Thumb
Победниците Елдар Гасимов-Ell и Нигар Џамал-Nikki
Thumb
Влатко Илиевски на настапот во Диселдорф
  • Финалето се одржа на 14 мај 2011.
  • Само државите кои ја формираат големата петорка автоматски се квалификуваат во финалето.
  • Од двете полуфиналиња на 10 и 12 мај 2011, дваесет држави се квалификуваа во финале. Вкупно дваесет и пет земји се натпреваруваа во финалето.[15]
Повеќе информации ред.бр., Учесник ...

Прво учество

  •  Лихтенштајн – Единствениот радиодифузен сервис на Лихтенштајн 1ФЛТВ (1 Fürstentum Liechtenstein Television) на 29 јули 2010 испрати апликација за членство во ЕБУ. Ако апликацијата беше прифатена, Лихтенштајн ќе можеше да испрати песна на Евровизија 2011.[17][18]

Враќање

  •  Унгарија – Дуна ТВ беше во преговори со ЕБУ за да учествува на Евросонг. Унгарија се повлече од Евросонг 2009, кога претходниот дифузер Маѓар Телевизио (Magyar Televízió), го напушти фестивалот поради финансиски причини[19]
  •  Италија – На прес конференција за четвртото издание на Италијанскиот Х Фактор, директорот на РАИ 2 Масимо Лиофреди најави дека победникот на натпреварувањето би можел да ја претставува Италија на Евровизија, наместо да учестува на Санремо, како претходните години.[20][21] Со тоа што Италија одлучи да се врати на Евровизија, големата четворка стана голема петорка.[22]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads