Европски совет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Европски совет
Remove ads

Европски совет — установа на ЕУ во којашто се претставени владите на земјите-членки.[1] Заедно со Европскиот парламент, тој е законодавецот на Заедницата кој е исто така одговорен за буџетските прашања. Советот е водечка институција кога се донесуваат одлуки од областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за полицијата и за судската соработка на полето на криминалот. Советот се состои од по еден претставник на министерско ниво од секоја земја-членка (на пример, министрите за земјоделство, кога Советот донесува одлуки во врска со Заедничката земјоделска политика). Претседател на Советот е министерот на земјата - членка којашто во моментот претседателствува со Европската унија. Секоја земја-членка претседателствува шест месеци, во согласност со договорената ротација (Шведска и Белгија во 2001 година, Шпанија и Данска во 2002 година).

Кратки факти Основана, Вид ...
Remove ads

Донесување одлуки пред договорот од Ница

Договорите одредуваат дали одлуките што ги донесува Советот треба да бидат едногласно прифатени од сите земји-членки или да се донесат со двотретинско мнозинство или, пак, со просто мнозинство во процедуралните прашања. За неколку развојни области на Унијата е потребна едногласна одлука, односно согласност (или воздржаност) од сите земји-членки. Такви области се: Заедничката надворешна и безбедносна политика, полицијата и судската соработка на полето на криминалот, азилот и имиграционата политика, за економската и за кохезионата политиката, како и за даноците. Со други зборови, секоја земја-членка има право на вето за европските мерки што се преземаат во овие сектори. Што се однесува на гласањето со двотретинско мнозинство, кое стана правило при донесувањето одлуки за најважните политики на ЕУ (како што е завршувањето на внатрешниот пазар), секоја земја-членка има одреден број гласови кој го одразува фактот дека земјите-членки се еднакви како членови на Унијата, но различни во смисла на населението. Според тековниот систем, има вкупно 87 гласа (четирите најнаселени земји имаат по 10 гласа, додека најмалку населените земји имаат по два). Двотретинско мнозинство се добива кога има најмалку 62 гласа за одредена одлука (т.е. 71,26 % од вкупниот број).

Remove ads

По ратификацијата на договорот од Ница

Thumb
Пленарна сеница на Советот

Ратификацијата на Договорот од Ница ќе овозможи гласање со двотретинско мнозинство за одлуки од 30 членови од Договорот, за коишто претходно беше потребно едногласност. Во случајот на политиките на Заедницата, новиот Договор од Ница овозможува донесување одлуки со двотретинско мнозинство за сите или за дел од областите опфатени со дополнителни 10 одредби. На пример, таков е случајот со одлуките што се донесуваат на полето на судската соработка за граѓанските прашања. Трговските договори поврзани со услугите или со интелектуалната сопственост можат, исто така, теоретски да бидат склучени од страна на Советот кој би дејствувал со двотретинско мнозинство. Новиот Договор утврдува и измени во начинот на распределувањето на гласовите од 1 јануари 2005 година. Бројот на гласовите распределени за земјите-членки е изменет, а утврден е и бројот на гласовите што треба да биде распределен за земјите-кандидати кога тие ќе влезат во Европската унија Во иднина, двотретинското мнозинство ќе се практикува:

  • ако одлуката добие специјален број гласови (овој праг ќе биде ревидиран во рамките

на сукцесивните пристапувања);

  • ако одлуката е одобрена од мозинството земји-членки.
  • Исто така, една земја-членка може да бара потврда за тоа дека двотретинското мнозинство претставува најмалку 62 % од вкупниот број население на Унијата. Ако се утврди дека тоа не е случај, тогаш одлуката нема да биде донесена.
Remove ads

Членови


Thumb

Европски совет
Член Претставник Член Претставник Член Претставник
Европска Унија

Европска Унија
(без право на глас)

Член од
1 декември 2024[б 1]
Thumb
Претседател на
Европскиот Совет

Антонио Кошта
(S&DPS)
Европска Унија

Европска Унија
(без право на глас)

Член од
1 декември 2019

Избори: 2019
Следни: 2024
Thumb
Претседател на Европската комисија
Урсула фон дер Лајен
(EPP)
Белгија

Кралство Белгија
België/Belgique/Belgien[a 1]
(2.58% од населението)[a 2]

Член од
1 октомври 2020


Следни: 2024
Thumb
Премиер
Александар де Кро
(RenewOpen Vld)
Бугарија

Република Бугарија

Член од
16 јануари 2025
Thumb
Премиер
Росен Жељазков
(EPPГЕРБ)
Чешка

Чешка Република
Česko
(2.36% од населението)

Член од
17 декември 2021


Избори: 2021
Следни: 2025
Thumb
Премиер
Петр Фијала
(ECRODS)
Данска

Кралство Данска
Danmark
(1.30% од населението)

Член од
27 јуни 2019


Избори: 2019
Следни: 2022
Thumb
Премиер
Мете Фредериксен
(S&DS)
Германија

Сојузна Република Германија

Член од
6 мај 2025
Thumb
Сојузен канцелар
Фридрих Мерц
(EPPCDU)
Естонија

Република Естонија
Eesti
(0.30% од населението)

Член од
26 јануари 2021


Следни: 2023
Thumb
Премиер
Каја Калас
(RenewER)
Ирска

Ирска
Éire/Ireland
(1.12% од населението)

Член од
27 јуни 2020


Избори: 2020
Следни: 2025
Thumb
Тишох
Михал Мартин
(RenewFF)
Грција

Хеленска Република
Ελλάδα/Elláda
(2.39% од населението)

Член од
8 јули 2019


Избори: 2019
Следни: 2023
Thumb
Премиер
Киријакос Мицотакис
(EPPND)
Шпанија

Кралство Шпанија
España
(10.59% од населението)

Член од
2 јуни 2018


Избори: 2019, 2019
Следни: 2023
Thumb
Премиер
Педро Санчес
(S&DPSOE)
Франција

Француска Република
France
(15.07% од населението)

Член од
14 мај 2017


Избори: 2017, 2022
Следни: 2027
Thumb
Претседател на Републиката
Емануел Макрон
(RenewRE)
Хрватска

Република Хрватска
Hrvatska
(0.90% од населението)

Член од
19 октомври 2016


Избори: 2016, 2020
Следни: 2024
Thumb
Премиер
Андреј Пленковиќ
(EPPHDZ)
Италија

Италијанска Република
Italia
(13.38% од населението)

Член од
22 октомври 2022


Избори: 2022
Следни: 2027

Премиер
Џорџа Мелони
(ECRFdI)
Кипар

Република Кипар

Член од
28 февруари 2023
Thumb
Претседател
Никос Христодулидис
(Независен)
Латвија

Република Латвија
Latvija
(0.42% од населението)

Член од
23 јануари 2019


Избори: 2018, 2022
Следни: 2026
Thumb
Премиер
Кришјанис Каринш
(EPPV)
Литванија

Република Литванија
Lietuva
(0.62% од населението)

Член од
12 јули 2019


Избори: 2019
Следни: 2024
Thumb
Претседател на Републиката
Гитанас Науседа
(Ind. – Ind.)
Луксембург

Големо Војводство Луксембург

Член од
17 ноември 2023
Thumb
Премиер
Лук Фриден
(EPPCSV)
Унгарија

Унгарија
Magyarország
(2.17% од населението)

Член од
29 мај 2010


Избори: 2010, 2014, 2018, 2022
Следни: 2026
Thumb
Премиер
Виктор Орбан
(Ind. – Fidesz)
Малта

Република Малта
Malta
(0.12% од населението)

Член од
13 јануари 2020


Избори: 2022
Следни: 2027
Thumb
Премиер
Роберт Абела
(S&DPL)
Холандија

Холандија

Член од
2 јули 2024
Thumb
Премиер
Дик Шоф
(Независен)
Австрија

Република Австрија

Член од
3 март 2025
Thumb
Канцелар
Кристијан Штокер
(EPPÖVP)
Полска

Република Полска

Член од
13 декември 2023[б 2]
Thumb
Премиер
Доналд Туск
(EPPPO)
Португалија

Португалска Република

Член од
2 април 2024
Thumb
Премиер
Луис Монтенегро
(EPPPSD)
Романија

Романија

Член од
12 февруари 2025
Thumb
Претседател
Илие Болојан
(EPPPNL)[б 3]
Словенија

Република Словенија
Slovenija
(0.47% од населението)

Член од
1 јуни 2022


Избори: 2022
Следни: 2026
Thumb
Премиер
Роберт Голоб
(RenewGS)
Словачка

Словачка Република

Член од
25 октомври 2023[б 4]
Thumb
Премиер
Роберт Фицо
(Una.Smer)
Финска

Република Финска
Suomi/Finland
(1.24% од населението)

Член од
10 декември 2019


Следни: 2023
Thumb
Премиер
Сана Марин
(S&DSDP)
Шведска

Кралство Шведска
Sverige
(2.32% од населението)

Член од
18 октомври 2022


Избори: 2022
Следни: 2026
Thumb
Премиер
Улф Кристерсон
(EPPM)
Notes
  1. Short names used within EU institutions.
  2. Used in the calculation of the qualified majority voting. The share of the total population is based on the decision of the Council of the European Union on Member States populations for 2022


Исто така делумно или целосно присутни, но не се и членови

Повеќе информации Претседател на Европскиот парламент, Висок претставник на Унијата ...
Remove ads

Надворешни врски

Официјална страница на Советот Архивирано на 8 февруари 2004 г.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads