Европски универзитет (Скопје)
приватен универзитет во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прв приватен универзитет - Европски универзитет - Република Македонија (ЕУРМ) — приватен акредитиран универзитет на подрачјето на Република Македонија кој изникнува од темелите на Факултетот за општествени науки. Акредитиран од одборот за акредитација на 1 јуни 2005 година Европскиот универзитет – Република Македонија е приватен акредитиран универзитет кој нуди современо образование и кој постојано ги развива и надградува процесот на стекнување на знаење во согласност со современите светски образовни трендови.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Историја
Историјата на Европскиот универзитет – Република Македонија започнува со основањето на Факултетот за општествени науки (ФОН) во 2001 година. Активностите на Европскиот универзитет беа признати на 1 јуни 2005 кога e акредитиран од страна на Одборот за акредитација на Р Македонија.
Следната, 2006 година е впечатлива по основањето и акредитацијата (nоември 2006) на уште три нови факултети: Факултет за комуникации и медиуми, Факултет за јавна администрација и Факултет за арт и дизајн. Дотогаш постоеја Факултетот за економски науки и Факултетот за информатика. Покрај тоа, истата година sпоред одлуката Бр. 12 на Одборот за акредитација на Р Македонија, потврдена e адекватноста на програмите на Европскиот универзитет согласно европските стандарди на 3+2 модулот на студирање. Во почетокот на 2009 година Првиот приватен универзитет - Европски универзитет Република Македонија подготви елаборат за примена на решенијата и одредбите од новиот закон за високо образование.
Remove ads
Факултети

Во моментов на Европскиот универзитет – Република Македонија постојат седум факултети:
- Факултет за економски науки
- Факултет за информатика
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки
- Факултет за арт и дизајн
- Факултет за детективи и криминалистика
- Факултет за стоматологија
ЕУРМ станува членка на IACBE во 2005, а по исполнувањето на условите се здобива со статус Кандидат за акредитација на 4 август 2006 година. Тргнувајќи од насоките и начелата на IACBE, ЕУРМ разви План за проценка на резултати врз основа на кој е извршена самоевалуација во академската 2006/2007.
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads