Еднодневки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Еднодневки
Remove ads

Еднодневките (Ephemeroptera, од грчки ephemeros - краткотрајно, pteron - крило) се ред на надворешнокрилни инсекти чија ларва многу наликува на имагото. Тие поминуваат низ три животни етапи: јајце, ларва и возрасна единка. Еднодневките се единствени меѓу крилатите инсекти по тоа што имаат два возрасни стадиуми. Првиот е наречен субимаго и се создава од последната ларвена генерација, кој најчесто по 24 часа се преслекува во имагото.

Кратки факти Еднодневки (водни цветови) Период: Доцен Карбон - денес, Научна класификација ...
Remove ads

Животен циклус и начин на живот

Еднодневките се водни инсекти кои живеат во чисти слатки води за време на ларвалниот стадиум. Ларвите се адаптирале за водни средини, од бари па до планински потоци. Повеќето ефемероптерни ларви се хербивори и повеќето видови се присутни во текот на годината токму како ларви. Како незрели инсекти, тие се главна храна за месојадите од нивните заедници, во прв ред рибата пастрмка. Ларвите и возрасните единки се модели за бројни мимикрии.

Thumb
Изглед на ларва од Ephemera vulgata.

Ларвите на еднодневките се разликуваат од сите останати инсекти по парните трахеални жабри на грбот на секој од првите седум абдоменални сегменти. Телото завршува со две или три фино сегментирани опашни делови. Усните делови, пак, се многу интересен пример за адаптација за гребење, сечење и раздробување на различните растителни клетки, кои се главната храна за овие инсекти.

Како подадулти, еднодневките ја имаат општата адултна (возрасна) форма, како и бескорисни усни делови (што значи дека како возрасни тие не се хранат). Телото е препокриено со тенок, крзнен и сивкав интегумент. Адултот има видливи крила, светкаво тело и неупотребливи усни делови; машките единки обично имаат екстремно големи очи кои може да се поделени, како и долги предни нозе. Имаго-стадиумот е краток и трае од неколку часа до неколку дена. Кај некои еднодневки, екстремитетите на женката, како и оние на мажјакот (освен предните нозе), се нефункционални, така што целиот свој живот имагото го поминува во лет. Се парат во лет, при што се забележува треперење на опашните делови (церци). Обично се забележуваат во големи роеви.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads