Езера во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во Македонија има над 160 езера.[1] Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации.

Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на:
- тектонски,
- урниски,
- крајбрежноизворски,
- постглацијални,
- карстни,
- органогени и
- вештачки акумулации.
По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се:
Природните постглацијални езераезера се делат на:
- ерозивни,
- акумулативни и
- комбинирани.
Од нив позначајни се:
- Боговинското Езеро,[2].
- Големото и Малото Пелистерско Езеро,
- Црното Езеро,
- Караниколичкото Езеро,
- Подгоречкото Езеро и др.
Најниското планинско езеро се наоѓа на височина од 1.565 м (езерото Локув на планината Дешат)[3], а највисокото на 2.470 м (езерото Голем Кораб на планината Кораб).
Засега единствен пример на урниски тип езера во Македонија е Моклишкото Езеро, кое е настанато во долината на Ваташка Река, со урнување на една од долинските страни и со преградување на речната долина.
Единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија е езерото Острово кај манастирот „Свети Наум“.
Органогените езера се зачувани на мали и ограничени површини во мочуришните терени. Тие се настанати со седиментација на органска материја при уништување на некогашните езера. Нив во минатото ги имало повеќе, а денес позначајни се:
- Сини Вирој,
- Новоселски Вир 1,
- Новоселски Вир 2 (во сливот на р. Сатеска), во Дебрца и на други места.
Вештачките езера претставуваат посебен тип езера кои ги гради човекот и нивната вода се користи за повеќе намени.
Remove ads
Галерија
- Охридското Езеро се смета за македонски бисер.
- Езерото Козјак, најголемото вештачко езеро во Македонија.
- Боговинското Езеро е најголемото ледничко езеро во Македонија
- Острово, претставува единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија
- Тектонски езера
- Леднички езера
- Природни езера од вулканско потекло
Remove ads
Литература
- Драган Василевски, Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени, „Географски разгледи“, кн. 30. Скопје, 1995.
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads