Мокро Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мокро Езеро (познато и како Карпинско Езеро) — природно езеро од вулканско-денудациско потекло на планината Козјак во близината на Карпинскиот манастир во североисточниот дел на Македонија. Езерото се наоѓа во атарот на селото Орах и е сместено во вдлабнатина - туф од вулканско потекло, на западните падини на планината Козјак, на надморска височина од 935 метри помеѓу ридовите Шаркова Корија (956 м) на запад и Манастирска Корија (1016 м) на исток, северно од Карпинскиот манастир. До самото езеро, кое е окружено со дабова корија, води широк шумски пат и обележана планинарска патека. Езерото има издолжен облик и се протега во правец север североисток - југ југозапад (ССИ-ЈЈЗ). Според кажувањата на мештаните, езерото се полни со вода од извор кој се наоѓал по површината на водата, а секако со вода се прихранува и со водите од атмосферско влијание односно врнежи од дожд и топење на снеговите. Езерото нема истека на водите.
Remove ads
Галерија
- Поглед на езерото од исток
- Поглед на езерото од запад
- Поглед на северниот крај на езерото
- Поглед на езерото од југ
- Поглед на Мокро Езеро
- Поглед на Мокро Езеро
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads