Езерски Врв (Динариди)

планина во состав на Проклетие, на границата меѓу Албанија и Црна Гора From Wikipedia, the free encyclopedia

Езерски Врв (Динариди)map
Remove ads

Езерски Врв (албански: Maja Jezercë, српски: Језерски врх) — врв на масивот Проклетие меѓу Албанија и Црна Гора. Претставува највисокиот врв на Динаридите, втор по висина во Албанија и седми на Балканот. Се издига на надморска височина од 2.694 м. и го зазема 28. место по истакнатост во Европа.[3]

Кратки факти Езерски Врв, Највисока точка ...

Врвот е сместен во масивот Проклетие, познат по најјужните ледници во Европа.[4] Освен некои подрачја северно од врвот, варовничкиот масив е дел од националните паркови Тет и Долината на Валбона.[5] До врвот се статува по патека од северната страна; највеќето планинари приоѓаат од гратчето Гусиње од црногорска и селото Тет од албанска страна.[6]

Езерски Врв лежи на 5 км од Црна Гора, меѓу долината на реката Валбона на исток и седлото Шала на запад.

Комунистичката власт на НСР Албанија го преименувала врвот во „Врв на Младоста“ (Maja e Rinisë), но ова име не було усвоено во секојдневна употреба.[6]

Remove ads

Топографија

Езерце е каменлив врв од доломитски варовник речиси без никаква растителност. На север, исток и запад од врвот се протега голем цирк од времето кога ледниците зафаќале поголема површина. Денес северниот цирк се нарекува Езерска Долина (Buni i Jezercës) и е на висина од 1.980 до 2.100 м, со ледничко езеро долго 380 м.[7]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads