Езерски Врв (Шара)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Езерски Врв — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Висок е 2.580 метри.[1] Се наоѓа на главното било во почетниот дел на протегањето на главниот срт на Шар Планина, при што претставува шести врв, а често воопштено се смета како трет поглавен врв на Шар Планина од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерска Чука на север-североисток, при што претсавува негова крајна точка/кота на југ-југозапад. Претставува карпест врв чија цела површина е покриена со сипар-камењар од големи кршени камења и карпи, од кои некои се многу климави и се клатат, поради што неговото искачување и стоење на него се доста тешки и опасни. Наречен е со името Езерски бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна стран и убавото и длабоко Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро, додека и малку понастрана кон Езерска Чука се наоѓа и езерото Црн Вир на косовската западна страна. Езерски Врв претставува и јазолна точка од која на запад продолжува главното било и срт на Шар Планина со врвовите Чаушица, Пескови, Бистрица, додека веднаш од него кон југ се разгранува седлото Чаушички Срт кој го спојува со Доброшки Врв. Искачувањето на врвот води преку патека која од селото Јелошник се искачува на Доброшки Врв па од него преку Чаушички Срт стигнува до Езерски Врв. Во самото подножје веднаш до Долното Доброшко Езеро се кампува првата вечер на планинарската Западна македонска трансферзала, по што веднаш утрото на вториот ден се започнува со искачување на Езерски Врв.
Оваа статија се однесува на врв на Шар Планина. За врвот на Динарските Планини, погл. Езерски Врв (Динариди).
Remove ads
Галерија
- Поглед на врвовите Езерска Чука во преден план и Езерски Врв во позадината
- Глетка на Езерски врв
- Глетка од Езерски Врв и изворишното горно течение на реката Габровница позната и како Езерска или Доброшка
- Глетка на Езерски Врв и Езерска Чука десно
- Глетка на врвот
- Двете Доброшки Езера во подножјето на Езерски врв
- Глетка на поднојжејто на самиот врв
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads