Економска методологија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Економска методологија
Remove ads

Економската методологија ги изучива методите, особено научните методи, поврзани со економијата, вклучувајќи ги и економските принципи на размислување.[1]

Повеќе информации Општи аспекти, Методологија ...
Remove ads

Опсег

Општите методолошки проблеми имаат сличности и контрасти со природните науки и други општествени науки, поточно со:

  • дефиницијата за економија[2]
  • опсегот на економијата издефиниран од нејзините методи[3]
  • фундаментални принципи и оперативни значајности на економската теорија[4]
  • методолошки индивидуализам против холизам во економијата[5]
  • улогата на поедноставени претпоставки како рационален избор и максимизација на профитот во објаснувањето или предвидувањето[6]
  • описна/позитивна, теорија на одлуки/нормативна и применета[7] употреби на теоријата[8]
  • научниот статус[9] и економски империјализам[10]
  • прашања од клучно значење за употребата и напредокот на економетријата[11]
  • балансот на емпиријата и филозофскиот пристап[12]
  • улогата на експериментите во економијата[13]
  • улогата на математиката и математичката економија во економијата[14]
  • пишувањето[15] и економската реторика[16]
  • односот помеѓу теоријата, набљудувањето, примената и методологијата во современата економија.[17]

Во 1970-тите, економската методологија прераснала од периодично користен метод од страна на економистите во посебно истражувачко поле на економската наука. Во еден правец се проширила до границите на филозофијата, вклучувајќи ги и односите на економијата со филозофиајта на науката, епистемологијата[18]. Во друг правец на филозофијата и економијата, како дополнителни полиња, се третираат теоријата на одлуките и етиката.[19]

Remove ads

Цитати

Подолу следува историски примерок на општите методолошки изјави:

За среќа, нема ништо во вредносните закони што останува за некој од сегашните или идните писатели да го расчисти, теоријата за темата е целосна.

Џон Стјуарт Мил, 1848 [1965], Принципите на политичката економија, трета книга. „University of Toronto Press“, стр. 594

До овој момент, ниеден хемичар не открил променета вредност во бисер или, пак, во дијамант.

Карл Маркс, 1867 [1967]. Капитал, Њујорк, „International Publishers“, стр. 87

Економската доктрина е ... не тело на бетонска вистина, туку мотор за откривање на бетонската вистина. Слично велат и во теоријата за механика.

Алфред Маршал, 1885. „Сегашната позиција на економијата“, реиздадена во „Меморијали на Алфред Маршал“ од Артур Сесил Пигу, 1925, Меморијали на Алфред Маршал, „Macmillan“, стр. 159.

Теоријата на економијата не доставува нешто во одредено време за веднаш да би се применила политиката на заклучоци. Тоа е повеќе метод отколку доктрина, умствен апарат, техника на размислување, која му помага на својот сопственик за донесе исправни заклучоци.

Џон Мејнард Кејнс, 1922 „Вовед во економскиот прирачник на Кембриџ“, во книгата Пари од Д. Х. Робертсон, 1922

Речиси секоја изјава која ние, или било кој друг на истата тема, ја кажуваме и предизвикува судир на некои веќе постоечки мислења, според самата природа на работите, повеќето од истите до сега биле тешко докажани или побиени во областа на општествената теорија. Од голема помош е што сите наши тврдења можат да произлезат од конкретни примери од теоријата на игрите и стратегијата.

Џон фон Нојман и Оскар Моргенстерн, 1944. „Теорија на игрите и економско однесување“, „Princeton University Press“, стр. 43.

Корисното општо правило, а тоа е научната теорија, има две својства. Прво, тоа треба да биде помалку или повеќе точно. Второ, тоа треба да биде применливо на доволно голем број можни настани.[20]

Џорџ Стиглер, 1966. „Теорија на цените“, Макмилан компани, 1966, стр. 5.

Фактот што економијата не е физика не значи дека ние не треба да целиме кон воспоставување на истите фундаментални стандарди за тоа што претставува легитимен аргумент. Можеме да инсистираме на тоа крајниот критериум за оценување на економските идеи да биде степенот до кој тие ни помагаат да резимираме податоци, но не е легитимно да се обидеме да ги заштитиме атрактивните теории од податоците.

Кристофер Симс, 1996. „Макроекономијата и методологијата“, Journal of Economic Perspectives, 10(1), стр. 111.
Remove ads

Поврзано

  • Методологија на економетрија

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads