Електрум

From Wikipedia, the free encyclopedia

Електрум
Remove ads

Електрум — природна легура од злато и сребро,[1] со траги на бакар и други метали. Неговата боја се движи од бледожолта до светложолта, во зависност од сразмерот на злато и сребро. Се произведува и вештачки и е познат и како „зелено злато“.[2]

Thumb
Природни електронски „жици“ на кварц, историски примерок од стар рудник во Телјурајд, Колорадо, САД
Thumb
Реката Пактол, од која Лидија добила електрум за нејзиното рано ковање
Thumb
Електрумски феникиски сад со митолошки сцени, фриз од сфинги и приказ на кралот кој ги победува своите непријатели, Кипроархаик I, од Идалион, 8-7 век пр. н. е. (Лувр, Париз)
Thumb
Брош со грифинска протома, од некрополата Камеирос, Родос, ок.625–600 пр. н. е. (Лувр)

Електрумот се користел уште во третиот милениум пр. н. е. во Старото Кралство Египет, понекогаш како надворешна обвивка на пирамидионите на врвот на древните египетски пирамиди и обелисци. Се користел и при изработката на древни садови за пиење. Првите познати метални монети биле направени од електрум и датираат од крајот на VII или почетокот на VI век пр. н. е.

Remove ads

Потекло на името

Името електрум е латинизиран облик на грчкиот збор ἤλεκτρον (ḗlektron), спомнат во Одисеја, што се однесува на метална супстанција која се состои од злато легирано со сребро. Истиот збор се користел и за супстанцијата килибар, најверојатно поради бледожолтата боја на одредени сорти. (Од електростатските својства на килибарот се изведени современите зборови електрон и електрицитет.) Во древно време електрумот често се нарекувал „бело злато“, но попрецизно можел да се опише како бледо злато бидејќи обично бојата му е бледожолта или жолтеникаво-бела. Современата употреба на поимот бело злато обично се однесува на злато легирано со некој од елементите (или нивна комбинација) никел, сребро, платина и паладиум за да се добие злато со сребрена боја.

Remove ads

Состав

Електрумот се состои првенствено од злато и сребро, но понекогаш се наоѓа со траги од платина, бакар и други метали. Името најчесто неформално се применува на композиции помеѓу 20-80% злато и 80-20% сребро, но тие строго се нарекуваат злато или сребро во зависност од преовладувачкиот елемент. Анализата на составот на електрумот во старогрчка кованица која датира од околу 600 пр. н. е. покажува дека содржината на злато била околу 55,5% во монетите издадени во Фокаја. Во раниот класичен период содржината на злато во електрумот се движела од 46% во Фокаја до 43% во Митилена. Во подоцнежните монети од овие области, кои датираат од 326 пр. н. е., содржината на злато во просек изнесувала 40% до 41%. Во хеленистичкиот период, Картагинците издавале електрумски монети со редовно намален дел од злато. Во подоцнежното Источно Римско Царство управувана од Константинопол, чистотата на златните монети била намалена.

Remove ads

Историја

Thumb
Лидиски електрумска монета (третина статер), една од најстарите познати монети, раниот 6 век пр. н. е.
Thumb
Електрумска монета на византискиот цар Алексиј I Комнин, ок.1080
Thumb
Мумифицирана машка глава покриена со електрум, од Срар Египет, римски период, 2 век од нашата ера (Musée des beaux-arts de Lyon)

Електрум се споменува во извештај за експедиција испратена од фараонот Сахуре од Петтата династија на Египет. За тоа зборува и Плиниј Постариот во неговата Историја на природата. Се споменува и во Библијата, во првото поглавје од книгата на пророкот Езекил.

Рано ковање монети

Најраните познати електрумски монети, лидиските монети и источногрчките монети пронајдени под храмот на Артемида во Ефес, денес се датирани во последната четвртина од VII век пр. н. е. (625–600 пр. н. е. ).[3] Се верува дека електрумот се користел во монети околу 600 г. пр. н. е. во Лидија за време на владеењето на Алиат.[4]

Електрумот бил многу подобар за ковање пари отколку златото, најмногу поради тоа што бил потврд и поиздржлив, но и затоа што техниките за пречистување на златото не биле широко распространети во тоа време. Содржината на злато во природниот електрум во модерната западна Анадолија се движи од 70% до 90%, за разлика од 45-55% од злато во електрумот што се користело во древните лидиски монети на истата географска област. Ова сугерира дека Лидијците веќе ја решиле технологијата за пречистување на среброто и додавале прочистено сребро во месниот изворен електрум неколку десетлетија пред да воведат чисто сребрени монети.[5]

Во Лидија, електрумот бил кован во монети со тежина од 4,7 грама, секоја вреднувана во13 статер (што значи „стандарден“). Три од овие монети - со тежина од околу 14,1 грам - вкупно еден статер, околу едномесечна плата за војник. За да се надополни статерот, биле направени дропки: трите (третина), хекте (шестина) и така натаму, вклучувајќи124, па дури и до148 и196 . Монетата од196 статер била тешка околу 0,14 до 0,15 грама. Се ковале и монети во поголеми апоени, како што е монетата од еден статер.

Поради варијациите во составот на електрумот, било тешко да се одреди точната вредност на секоја монета. Ширењето на трговијата била попречено од овој проблем, бидејќи содржинската вредност на секоја електрумска монета не можело лесно да се одреди.[4] Ова сугерира дека една од причините за пронајдокот на монетите во таа област била да се зголеми добивката од сињоражот со издавање валута со пониска содржина на злато од вообичаениот метал.

Овие тешкотии биле елиминирани околу 570 г. пр. н. е. кога биле воведени крезеидите, монети од чисто злато и сребро.[4] Сепак, електрумската валута останала вообичаена до приближно 350 г. пр. н. е. Наједноставната причина за ова било тоа што, поради содржината на злато, еден статер од 14,1 грам вредел дури десет сребреници од 14,1 грама.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads