Елисавета Георгиева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елисавета Ставрева Георгиева (16 август 1892 во Дебар — 1976 ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
Таа била учителка во пензија. Учествувала во НОД од 1941 година во Скопје. Својот стан го отстапила на скопската партиска организација. Во него илегално престојувале партиски раководители, членови на Покраинкиот Комитет на КПЈ за Македонија. Во нејзиниот дом бил формиран Покраинскиот штаб за Македонија. Во текот на 1942 година кај неа исто така живееле илегалци, а бил сместен и дел од партиската техника на ПК КПЈ за Македонија. 1943 до јануари 1944 година чувала илегалци. По настанатата провала во Скопската организација заедно со своите две деца се евакуирала во Радишани каде останала до ноември 1944 година.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads