Елса Моранте

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елса Моранте
Remove ads

Елса Моранте (италијански: Elsa Morante), (18 август 1912 , Рим - 25 ноември 1985 , Рим) — италијанска писателка, романописец, поет, преведувач, писател на литература за деца[1].

Кратки факти Елса Моранте Elsa Morante, Роден/а ...

Нејзиниот роман „Историја“ е вброен во 100 најдобри книги на сите времиња.

Remove ads

Животопис

Родена била во Рим на 18 август 1912 година. Нејзината мајка била Еврејка и работела како учителка во Рим, а нејзиниот татко работел како поштар.

И покрај фактот дека нејзиното семејство било сиромашно, Елса успеала да го заврши класичното средно училиште.

Поради економски и семејни причини, таа не успеала да го заврши колеџот; таа започнала да работи како наставничка и да одржува приватни часови на италијански, латински и грчки јазик..

Таа била многу млада кога за прв пат започнала да пишува мини-романи, се занимавала и со пишување на поезија и со уметничка литература.

Нејзините дела секогаш биле објавувани иако фашизмот во тоа време бил на власт во Италија.

Брзо се здобила со голема популарност и затоа фашистичкиот режим не можешел директно да ја нападне, затоа што ќе го предизвикал гневот на Италијанците.

Во 1936 година, таа се запознала со славниот италијански писател Алберто Моравија, а во април 1941 година се омажила за него.

На крајот на Втората светска војна, Елса и Алберто морале да го напуштат Рим, кој тогаш бил под германска окупација, поради нивното еврејско потекло. Се засолнале во местото Фросионе. Нивниот престој таму бил за неа инспирација за нејзиниот антологиски роман „Историја“

Елса Моранте и Алберто Моравија се развеле во 1961 година, а тој настан имал посебно влијание врз нрјзината работа, како и врз нејзината психа.

Елса Моранте се обидела да се самоубие во 1983 година, а починала во 1985 година од срцев удар по една операција и од последиците на самубиството[2].

Remove ads

Главни теми

Поголемиот дел од водечките ликови на Моранте ја користат автобиографијата како начин за терапија и надеж. Нарцизмот станувала водечка алатка во нејзиното творештво. Нејзиното пишување е од суштинско значење за формирање на позитивна свест за нејзините лични сеќавања. Друг важен аспект на работата на Моранте е метафората за љубовта. Според неа, љубовта може да биде страст и опсесија и може да доведе до очај или уништување. Според неа, нејзината прва љубов била рај, но потоа се претворила во пекол. Метафората на љубовта лесно може да се проследи во една од нејзините најпознати песни, „Алиби“. Љубовта и нарцизмот се теми добро поврзани едни со други. Повеќето од ликовите на Моранте бараат љубов, не затоа што имале вистински чувства кон личноста во која се вубувале, туку затоа што требало да ги покријат чувствата за празнина уште од своето детство[3].

Remove ads

Творештво

Романи

  • Лага и магија (1948) [4].
  • Островот Артуро (1957)
  • Историја (1974)
  • Аракоели (1982)

Збирки на раскази

  • Тајната игра (1941)
  • Несекојдневните авантури на Катери 'од Тречиолина' (1942)
  • Андалусискиот шал (1963)
  • Заборавени приказни (1937-1947)
  • Детски анегдоти (1939-1940)

Поезија

  • Алиби (1958)
  • Светот спасен од децата (1968)

Книги за деца

  • Вонредните авантури на Кетрин (1959)

Есеј

  • Добри и лошите страни на атомската бомба (1987, есеи)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads