Емилија Црвенковска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Емилија Црвенковска (р. 6 октомври 1956 во Скопје) — македонска универзитетска професорка по старословенски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Кратки факти Емилија Црвенковска, Лични податоци ...
Remove ads

Животопис

Црвенковска е родена во Скопје. Завршила основно образование во ОУ „Кочо Рацин“, средно во гимназијата „Јосип Броз - Тито“. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата за македонски јазик во 1982 година. На истиот факултет магистрирала во 1988, а докторирала во 1996 година.

Член на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е од 1982/83 година како стажант, а во 2006 година е избрана во редовен професор. Работела како лектор по македонски јазик на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1986/87 г.). Гостувала со предавања на повеќе странски универзитети: Загреб, Љубљана, Неапол, Блумингтон, Брно, Тирана. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни конференции во: Русија, Хрватска, Србија, Бугарија, Словенија, Белорусија, САД, Чешка, Грција, Италија, како и на три меѓународни славистички конгреси (Љубљана, Минск, Белград).[1] Учествувала во работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура како повеќегодишен лектор, предавач и директор, како и со реферати на Научната конференција.

Remove ads

Публикации

Книги

  1. Загрепски триод. Стари текстови  VI,Скопје 1999: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
  2. Јазикот и стилот на триодот. Скопје 2006: Менора.
  3. Старословенска читанкa. Скопје 2015: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
  4. Старословенска граматика. Скопје 2021: Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Книги во коавторство

  1. И. Велев, Л. Макаријоска, Е. Црвенковска, Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо. Скопје 2008: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
  2. Velev, L. Makarijoska, E. Crvenkovska, 2008, Macedonian literary monuments in Glagolitic and Cyrillic script, Skopje.
  3. И. Доровски, Е. Црвенковска, Лексикон на странски македонисти. Скопје 2008: УКИМ.
  4. Црвенковска Е., Макаријоска, Л., Орбелски триод. Стари текстови X, Скопје 2010: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
  5. Макаријоска, Л., Црвенковска, Е. Шафариков триод. Скопје 2012.

Поглавја во книги

  1. Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција. 2, Вовед, Содржина на текстовите, Скопје 2000 (група автори).
  2. Правопис на македонскиот јазик. Скопје 2015: Пишување библиографски единици, 325-331; Библиографско цитирање, 332-338; Старословенски јазик. Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња, 255-258 (со Р. Угринова-Скаловска и Л. Макаријоска).
  3. Предговор во книга: Словенскиот влог во европскиот културен простор, предговор кон книгата на Едуард Херцигоња  Илјадалетие на хрватското глаголаштво. Скопје 2015: МАНУ, 5-13.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads