Ентомологија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ентомологија
Remove ads

Ентомологија (од старогр. ἔντομον, „инсект“ и -λογία, „наука“)[1] — гранка на зоологија која се занимава со изучување на инсектите, најразновидната група животни со 1,3 милиони опишани видови, или повеќе од две третини од сите познати организми.[2]

Thumb
Дел од поголема збирка тврдокрилци

Историја

Научното разгледување на инсектите води потекло од XVI век.[3], а за татко на ентомологијата се смета Вилијам Кирби (1759-1850), кој во соработка со Вилијам Спенс, објавил енциклопедија „Вовед во ентомологијата“ (Introduction to Entomology), и со тоа ги удрил темелите на оваа наука. Во 1833 г. бил еден од основачите на Кралското ентомолошко друштво во Лондон, едно од првите вакви друштва во светот.[4]

Во XIX и XX век, ентомологијата доживеала засилен развој и се здобила со големо присуство во јавноста; ја изучувале голем број луѓе, меѓу кои и Чарс Дарвин, Жан-Андри Фабр, Владимир Набоков, Карл фон Фриш (добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1973 г.),[5] и двократниот добитник на Пулицеровата награда за небелетристика, Едвард Озборн Вилсон.

Remove ads

Распознавање на инсектите

Повеќето инсекти лесно се распознаваат по тоа дали се ципокрилци (пчели, оси и мравки) и тврдокрилци (бубачки). Меѓутоа, со исклучок на пеперугите и молците, инсектите се препознаваат по родот или видот само со помош на клучеви за распознавање и со монографии. Распознавањето може да биде тешко дури и за стручњаците поради огромниот број видови (на пр. преку 330.000 кај тврдокрилците) и ситните одлики што ги разликуваат, понекогаш видливи само со микроскоп). Овој проблем довел до разработка на системи за автоматско препознавање на видовите, како што се: DAISY, ABIS, SPIDA и Draw-wing.

Remove ads

Таксономски области

Многу ентомолози се специјалисти за еден ред, па дури и семејство инсекти, па оттука постојат многу области на задршка со свои називи, најчесто добиени по научното име на групата:

Ентомологијата во Македонија

Thumb
Thumb
Мрежокрилци, двокрилци (лево) и пеперуги (десно) во Природонаучниот музеј на Македонија

Ентомолошки организации во Македонија

Македонски ентомолози

  • Зора Караман (1907-1974)
  • Љупка Хаџи-Ристова (р. 1931) — шумарски ентомолог
  • Ефтим Анчев (р. 1945) — земјоделски ентомолог
  • Владимир Крпач (р. 1947)
  • Јонче Чинговски (1926-1983)

Странски проучувачи

Меѓу странските проучувачи на инсектите на Македонија се издвојуваат:

  • Виктор Апфелбек (Австрија, 1859-1934)
  • Николај Баранов (Русија, 1887-?)
  • Крсто Тулешков (Бугарија, 1901-1976) — директор на Природонаучниот музеј во Скопје за време на окупацијата во Втората светска војна
Remove ads

Поврзано

  • Арахнологија
  • Миријаподологија
  • Судска ентомологија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads