Ерл

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ерлблагородничка титула усвоена во Обединетото Кралство во времето на освојувањето на данскиот крал Кнут Велики во XI век, што соодветствува на скандинавскиот јарл, што е еквивалентно на титулата гроф. Доаѓа по онаа на маркиз. Оваа титула првично ги означувала гувернерите на ширите или грофовиите. Титулата била прифатена и во Шкотска, заменувајќи ја старата титула mormaer.

Thumb
Наметка на ерлот

Во XIX век, оваа титула е чисто почесна и не подразбира никаква функција. Денес, ерловите се членови на перството на Обединетото Кралство. Не постои женски еквивалент; жените се насловени грофица („countess“).

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads