Ернесто Лаклау

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ернесто Лаклау
Remove ads

Ернесто Лаклау (шпански: Ernesto Laclau; 6. октомври 193513. април 2014 година) — аргентински политички филозоф. Често за него се зборувало дека е постмарксист. Познат е по соработката со својата долгогодишна партнерка Шантал Муфе.

Thumb
Ернесто Лаклау

Кариера

Тој студирал историја во Буенос Аирес, каде што дипломирал на Универзитетот во Буенос Аирес 1964 година, и докторирал на Универзитетот во Есекс во 1977 година.

Од 1986 година тој предавал на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Есекс, каде што тој ја основал и ја водел програмата на постдипломските студии од предметот идеологија и анализа на дискурсот, како Центар за теориски истражувања во општествените студии и општествените науки.

Под негово водство, програмите на идеологијата и анализата на дискурсот  обезбедиле основа за проучување на конкретен тип на анализа на дискурсот, кој се потпира на постструктурентната теорија (особено, работата Фердинанд де Сосир, Жак Дерида и Лудвиг Витгенштајн) и психоанализа (особено на работата на Жак Лакан), како би обезбедила напредна анализа на конкретни политички појави како личност, говор, и хегемонија. Оваа теоретска и аналитичка ориентација е денес познат како „Школа на анализа на дискурсот“.[1]

За време на неговата кариера, Лаклау предавал на универзитетите ширум Северна и Јужна Америка, Европа, Австралија и Африка. Универзитет Сани Бафало и Северозападниот Универзитет бил последен на кој тој предавал.

Починал во Севиља во 2014 година, од срцев удар.[2]

Remove ads

Животопис

Лаклау, студирал историја на Универзитетот во Буенос Аирес[3]) до 1969 година, кога британскиот историчар Ерик Хобсбаум го поддржал неговото пристигнување во Оксфорд.[4] тој бил близок со Хорхе Абелардо Рамос, основачот на организацијата ПСИН. Во некои интервјуа, тој тврдел дека дошол со семејството Јиргојен, и дека перонистичкиот политичар Артур Јауарче, моќен непријател на Јустовата диктатура, за време на неславната деценија на 30те години на дваесеттиот век, бил близок пријател на неговиот татко.

Во следните години, биле тесно поврзан со Аргентинската социјалистичка конфедерација[5] и во Аргентина бил поврзан со перонизмот.[6]

Remove ads

Работа

Лаклауовите најрани дела биле под влијание на алтисеровскиот марксизам и е фокусиран на проблемите во нео-марксистичките кругови на 70-тите години на XX век, како што е улогата на државата, динамиката на капитализмот, важноста на градење на популарни движења и можноста на револуцијата. Во 2001 година во предговорот на второто издание на книгата, Лаклау и Муфе признале дека тие самите се постмарксисти. 

Книги

  • Политиката и идеологијата во марксистичката теорија, 1977 година
  • Хегемонија и социјална стратегија, 1985
  • Нови осврти на Револуција на нашето време, 1990
  • Еманципација, 1996
  • Непредвидени ситуации, хегемонија, универзалност), 2000
  • Причините на популизмот, 2005

Повеќе

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads