Ерол Ризаов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ерол Ризаов (Кочани, 18 ноември 1950 ) — македонски новинар и политички аналитичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 г. на отсекот историја на уметност. Со новинарство почнал да се занимава во 1977 г. Прво работел како приправник во Градската рубрика, а потоа како соработник и коментатор во внатрешно-политичката рубрика на весникот Нова Македонија. Едно време ја вршел функцијата заменик на главниот и одговорен уредник, а во периодот 1996-1999 бил одговорниот уредник во дневниот весник Нова Македонија. Во 2017 година е основач на информативниот портал Независен Весник.

Кратки факти Ерол Ризаов, Роден(а) ...

Тој е еден од основачите на Утрински Весник, а воедно и негов прв директор (1999), како и главен и одговорен уредник пет години подоцна.[1] Објавувал текстови во љубљанско „Дело“.[2] Моментално работи како уредник-коментатор во Утрински, а неговите колумни излегуваат секој работен ден во рамките на весникот. Во 2013, Ризаов ја добил наградата „Жан Моне“ за најдобар новинарски текст на тема „Европска Унија“, награда која ја доделува делегацијата на ЕУ во Македонија.[3] Во февруари 2015, Ризаов ја добил наградата за животно дело „Крсте Мисирков“, која ја доделува Здружение на новинарите на Македонија.[4] Во мај 2015, Ризаов промовирал четири книги кои ги содржат неговите најзначајни текстови што ги напишал во периодот 2007-2015. Од 2017 година е уредник на порталот Независен Весник. Тој е соработник и дописник за Дојче Веле.[5] Во текот на својата кариера, тој направил интервјуа со познати светски личности како Лех Валенса, Герхард Шредер, Тургут Озал, Милан Кучан и други.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads