Ескимско-алеутски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ескимско-алеутските јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува во Алјаска, Северна Канада, Гренланд и во источен Сибир во Русија. Ова јазично семејство е поделено на две гранки, од кои ескимските јазици сочинуваат една подгрупа, додека алеутскиот сочинува своја посебна подгрупа. Алеутската подгрупа има само еден јазик кој се зборува на Алеутските Острови, додека ескимската е поделена на јупички јазици и инуитски јазици. Јупичките се зборуваат во Алјаска и Сибир, додека инуитските во северозападна Алјаска, Канада и Гренланд. Точното место на сиреничко-ескимскиот јазик не е сосема утврдено, бидејќи некои јазичари го сметаат за посебна гранка од јупичките јазици,[1] додека пак ддруги го сметаат за посебна гранка од ескимските јазици.[2] Ескимско-алеутските јазици не се сродни со останатите индијански јазици во Америка, но често се сметаат за такви поради геграфската положба, а не сродноста на јазиците или народите.
Remove ads
Јазици
ескимско-алеутски јазици
- алеутски
- западно-централни дијалекти: аткански, атуански, унангански, бериншки (60–80 говорници)
- источни дијалекти: уналаскански, прибилофски (400 говорници)
- ескимски јазици
- јупички
- централно-аласкански јупички јазик (10.000 говорници)
- југтунски јазик
- чевачко-чупишки јазик
- нунивачко-чупишки јазик
- алутички јазик (400 говорници)
- сибирско-јупички јазик (1400 говорници)
- наукански јазик (70 говорници)
- чаплински
- сиреничко-ескимски јазик (исчезнат)
- централно-аласкански јупички јазик (10.000 говорници)
- инуитски јазици (98.000 говорници)
- инупијатски јазик (3.500 говорници)
- кавијарачки јазик
- инувијалучки јазик (765 говорници)
- кангирјуармиутски дијалект
- сиглитски дијалект
- умармиутски дијалект
- инуктитут (40.000 говорници)
- нунатсијавумиутски дијалект (550 говорници)
- инутитутски диајлект
- гренландски јазик (54.000 говорници)
- инуктунски јазик (околу 1.000 говорници)
- тунумитски јазик (3.500 говорници)
- инупијатски јазик (3.500 говорници)
- јупички
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads