Еспресо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еспресо (италијански: espresso) — вид пијалак од кафе со италијанско потекло. Се добива со поминување на вода под голем притисок низ мелено, иситнето кафе. Еспресото главно е погусто од кафето кое се прави со други методи, има поголема концентрација на суспендирани и растворени цврсти материи, а на врвот има „крем“ (пена со кремаста конзистенција).[1]
Remove ads
Историја
Кафето еспресо било развиено во Милано (Италија) на почетокот на 20 век. Сè до 1940-тите било подготвувано само со помош на водена пареа.
Особини
Еспресото се разликува од обиченото кафе по „густината“, концентрацијата на растворни цврсти материи и количина која се служи (25-30 мл). Хемискиот состав е комплексен и дел од материите се распаѓа со оксидација или со ладење. Како резултат од начинот на подготовка, вкусот и хемиските состојки на обичното кафе се концентрирани во мала количина течност. Тоа овозможува еспресото да се користи како основа за други пијалаци: кафе лате, капучино, макијато и кафе мока.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
