Капучино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Капучино
Remove ads

Капучино — италијански пијалак, традиционално подготвен со еспресо, врело млеко и пена од млеко. Може да се употреби крем наместо млеко, а често се служи со цимет.[1] Употребата на свежо млеко во рестораните и кафетериите е понов феномен и потекнува од 20 век, кога фрижидерите биле во редовна употреба.

Кратки факти Тип, Земја на потекло ...
Remove ads

Низ историја

Thumb
Капучино и срце нацртано со млекото

Пиењето кафе во Европа станало вообичаено поради традиционалниот турски пијалак што бил мешавина на врела вода и кафе, а понекогаш се додавало и шеќер. Британците започнале да го филтрираат кафето уште во втората половина од 17 век[2] што било прифатено во Франција и во континентална Европа. Во 19 век кафето се варело на различни начини и во посебно создадени направи, за домашна и јавна употреба.

Капучино напишано на италијански јазик (cappuccino) за првпат е споменато во 1930-те години во северна Италија. Капучиното се пие во Европа, Австралија, Јужна Америка и некои делови од Северна Америка. Во Италија, како и во поголемиот дел од Европа, капучино се пие наутро, најчесто за време на појадок, со колач.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads