Естреја Израел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Естреја Јаков Израел ( 1922 во Битола 1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.[1]

Животопис

Таа била шивачка. Уште во текот на 1941 година во нејзиниот дом се шиела облека за борците во НОВ и ПОМ и се одржувале илегални состаноци. Во 1942 година била организирана во воспитна група. Во дуќанот на нејзиниот брат Исак престојувале илегалци и се чувал илегален материјал. На 11 март 1943 година од страна на бугарскиот окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде била задушена во гасна комора.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads