Естреја Овадија-Мара

From Wikipedia, the free encyclopedia

Естреја Овадија-Мара
Remove ads

Естреја Хаим Овадија - Мара (Битола, 25 декември 1923 - 26 август 1944 , Кајмакчалан, Битолско) — македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ.[1] Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953.[2][3][4]

Кратки факти Родена, Починала ...
Thumb
Естреја Овадија - Мара народен херој
Remove ads

Животопис

Овадија е родена во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години, таа се активирала во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, таа заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година, во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година, таа се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.[5]

Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ.[6] Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход.[4]

При основањето на Третата македонска ударна бригада, таа била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при основањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.

Загинала во борба против бугарските окупаторски сили,[7] во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години.

Remove ads

Спомен-обележја

Во нејзин помен, во средиштето на Битола, постои нејзина биста и една детска градинка го носи нејзиното име. Во нејзина чест е наречена и улица во Ерусалим, Израел/Палестина.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads