ЖС „Овче Поле“
железничка станица кај Амзабегово, Светиниколско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Железничка станица „Овче Поле“ — железничка станица на железничката линија Велес-Кочани во селото Амзабегово, во средишниот дел на Македонија. На неа поминуваат регионалните домашни возови од Скопје кон Кочани. Станицата поседува три колосеци.
Remove ads
Местоположба
Железничката станица се наоѓа недалеку од селото Амзабегово, Светиниколско, на 10 километри јужно од градот Свети Николе.
Историја
Нејзината изградба започнала во 1923 година под водство на архитектот Петар Гачиќ, а пуштена е во употреба во 1924 година.
Станицата првично имала богати фасадни украси кои денес се отсутни поради несоодветната обнова по нејзиното уништување во Втората светска војна.
Денес, станицата се наоѓа во лоша состојба.[3]
Галерија
- Поглед на станицата
- Предниот дел
- Влезот
- Станицата со колосеците
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads