Македонски железници

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски железници
Remove ads

Македонски железници (МЖ) — јавно претпријатие за железничка инфраструктура на Република Македонија.

Кратки факти Македонски железници, Работа ...
Remove ads

Железничка мрежа

Железничката мрежа во Република Македонија има:

  • 699 км отворени пруги
  • 226 км станични колосеци
  • 102 км индустриски колосеци[1]

Железнички линии

Remove ads

Возен ред

Возниот ред е определен согласно Објавата [2][3] на Македонски железници за 2021 година.

Интеррегионална линија 6903: Кичево - Длапкин Дол - Строгомишта - Зајас - Падалиште - Лакавица - Гостивар - Врановци - Жеровјане - Брвеница - Тетово - Ратае - Јегуновце фабрика - Јегуновце - Орашје - Радуша - Сулари - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница.[4]

Историја

Thumb
Извештај за состојбата на железничките линии во Македонија во 1930 г.

Првата железница на територијата на Република Македонија е од времето на Османлиското Царство. На 9 август 1873 година со железница биле поврзани Скопје и Солун. Оваа железничка врска, која во 1874 година е продолжена до Косовска Митровица, е именувана Македонски железници.[5] На 14 јуни 1894 година Солун е поврзан и со Битола.[5] На 20 октомври 1924 година завршена е делницата Велес-Штип и првиот влез влегува на станицата во Штип.[5] Пругата, пак, Велес – Битола е предадена во сообраќај на 20 јануари 1936 година.[6]

Во февруари 2015 година, „Македонски железници“ се модернизирале со 107 нови транспортни вагони, како дел од проектот за набавка на 150 вагони, реализиран од страна на македонската влада.[7]

Македонски железници, повеќепати го менувалe името од своето формирање како железничко претпријатие во 1945 година:

  • 1945 Државна дирекција за железници – Скопје во рамки на сојузната југословенска управа
  • 1963 Железничко транспортно претпријатие – Скопје
  • 1977 Железничкa транспортна организација – Скопје
  • 1989 Јавно претпријатие Македонски железници – Скопје
  • 2007 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје
  • 2007 Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт – Скопје
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads