Жак Ваше
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жак Ваше (француски: Jacques Vaché), (Лорјан, 7 септември 1895 – Нант, 6 јануари 1919 ) — француски денди, дадаист, уживател на опиум, претходник на надреализмот и голем пријател на Андре Бретон.
Главен извор на информации за Жак Ваше е Андре Бретон. Тие се запознале во Нант на почетокот на 1916 година, во Невролошкиот центар, каде што Бретон бил болничар, а Ваше лекувал повреда на листот. „Многу елегантниот, црвенокос млад човек“ веднаш го разбудил интересот на Бретон и тие останале блиски пријатели сè до смртта на Ваше. Преку Бретон („Најмногу му должам на Жак Ваше“) и неговите соработници во списанието „Литература“, легендарниот Ваше извршил огромно влијание врз парискиот дадаизам, а подоцна и врз надреализмот.
Remove ads
Дендизам
Ваше ги менувал костимите како глумец, маскиран како англиски господин кој носи монокл (често ги потпишувал писмата како „Хари Џејмс“), коњанички поручник, пилот и доктор, меѓу многу други. Едно писмо наведува дека се приклучил на англиската армија како преведувач, но во кој род на служба всушност служел никогаш не било јасно. „Една од неговите униформи“, според Бретон, „бела највкусно скроена и затоа пресечена на два дела - синтетичка униформа која од едната страна била сојузничка, а од другата непријателска“.
Неговата опсесија со машката мода била добро позната. Овој „последен блесок на хероизам во ерата на декаденција“ подоцна бил наречен дендизам. Неподготвен да ги прифати вредностите на општеството во кое живее, дендито создава свој личен свет и ги избира своите морални вредности, како што е облеката, за да го дотера својот стил. Дендизмот била широко распространета појава во дадаизмот.
Remove ads
(Х)умор
Најодлучувачкиот придонес на Ваше во образувањето на дадаистичкиот менталитет била промоцијата на еден вид ироничен, парадоксален и понекогаш насилен „црн хумор“, кој тој го нарекол умор (изоставеното „х“ дава навестување на бурлеска). Видот на претерана и хиперболична духовитост што тој ја претставува е стара традиција во француската книжевност, а во модерната книжевност ја вовел драматургот и романописецот Алфред Жари, чии дела имале големо влијание и врз дадаизмот и врз надреализмот. Ваше го сакал Жари и тврдел дека има голема доза на сеприсутност во неговиот „умор“. Ваше го катапултирал видот хумор на Жари во облик на протодадаизам, правејќи го начело на дејствување. „Умор“, му пишал тој на Бретон, има намера да го држи светот „во зачудено полунезнаење“ сè додека трае искрење на некои „скандалозни манифестации“.
Remove ads
Пукање во масата
Еден таков настан се случил во 1917 година на премиерата на „“, од Аполинер, која била со поднаслов „надреалистичка драма“. Самиот Бретон бил таму: „Првиот чин штотуку завршил. Еден англиски офицер правел огромна бучава во оркестарот; не можел да биде никој друг освен тој (Ваше). Скандалот со претставата ужасно го вознемирил. Влегол во салата со револвер во рака и зборувал додека пукал во толпата“.
Овој пример (кој потсетува на случајната пукотница што ја придружуваше демонстрацијата на Краван од 1914 година) го употребил Бретон во Вториот надреалистички манифест (1929): „Наједноставното делување на надреалистот се состои во излегување на улица, со револвер во рака, и случајно пукање во толпата, толку колку што човек е во состојба“.
Заканата на Ваше за случјано пукање било „критична провокација“, особено затоа што имплицитно фрли сомнеж врз главната авантура во која тогаш беше вклучен светот - ако „реализмот“ бил дека луѓето биле убивани затоа што носеле германски униформи, „надреализмот“ требало да бара малку појасни начела.
Смрт
Главното дело во животот на Ваше било неговото напуштање. Неговото самоубиство во 1919 година, со предозирање со опиум (тој бил искусен зависник), веднаш ги исполнил нихилистичките импликации на неговата ментална состојба и ја зацврстил неговата легенда. Уште еден млад човек починал со него, а трет од групата го преживеал своето предозирање.[1] Сосема е можно, како што забележува Бретон, дека несреќните другари на Ваше немале искуство со дрога и дека „Ваше, исчезнувајќи, сакал да им направи уште една последна практична шега“.
„Бидејќи сè што забележуваме е лажно, последиците од настаните не се поважни од изборот помеѓу торта и цреши по вечерата“, велел Ваше.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
