Кинески јуан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кинески јуан или женминби (кинески: 人民币, пинјин: ⓘ; симб. 元, ¥; ISO 4217: CNY) — официјална валута во Кина (без Хонгконг и Макао). Симболот за јуанот е ¥, а го издава Народната банка на Кина. Во јули 2016 г. инфлацијата изнесувала 1,4%.
Називот женминби на кинески значи „народна валута“. Основна единица на женминби (со кратенка RMB) е јуанот (圆 или 元, правилно: „јуен“), и многу често и самата валута се поистоветува со јуанот. Еден јуан содржи 10 ѓаоа, кои пак се делат на 10 фени.
Remove ads
Историјат

Првата серија банкноти на женминби била издадена во декември 1948 година. Биле печатени само банкноти и тие ги замениле разните валути во оптек на подрачјата под контрола на комунистите.
Во првата серија биле издадени дури 62 различни дизајни на банкнотите, а сите биле повлечени во 1955 година, откако била издадена втората серија на кинескиот јуан (женминби). До сега се издадени 5 серии на јуанот, а последната била претставена во 1999 година.
Во текот на својата историја, курсната вредност главно била врзувана за американскиот долар. Во периодот на централно планирање, вредноста на валутата била преценета, додека денешната курсна вредност е далеку под реалната вредност. Флексибилноста на курсот е ограничена со вредностите што ги поставила Владата на НР Кина.
Во оптек се банкноти во вредност од 0,1, 0,2, 0,5, 1, 2, 5, 10, 20, 50 и 100, како и монети од 0,01, 0,02, 0,05, 0,1, 0,5 и 1.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads