Зимбабве
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зимбабве (шона: Zimbabwe; англиски: Zimbabwe) или службено Република Зимбабве (Nyika yeZimbabwe, Republic of Zimbabwe) — држава во Јужна Африка со главен град Хараре. Зимбабве се наоѓа помеѓу реките Замбези и Лимпопо. Зимбабве нема излез на море, а се граничи со Замбија и Мозамбик на север, со Мозамбик на исток, со Боцвана на запад и со ЈАР на југ. Според проценките на ООН, Зимбабве има население од над 16 милиони луѓе, од кои над 80% се Шони. Државата има 16 службени јазици, од кои најголем е шонски, а се користи и англискиот.
Уште од 11 век денешната територија на Зимбабве била управувана од различни организирани држави и кралства, а исто така областа била значаен трговски пат. Европската колонизација на Зимбабве започнала со британската колонизација на Јужна Африка и основањето на колониите Јужна Родезија (денес Зимбабве) и Северна Родезија (Замбија). Колонијата Јужна Родезија станала самоуправувачка британска колонија во 1923. Во 1965 година, малата конзервативна и контроверзна бела заедница на Зимбабве имала целосна контрола врз државата и прогласила независност на Јужна Родезија под името Родезија, која била потоа именувана како Зимбабвејска Родезија, но за многу краток период. Самопрогласената држава била под меѓународна изолација и 15 години имало герилска војна со мнозинското црнечко националистичко население. Оваа војна завршила со потпишување на мировен договор и во април 1980 официјално Зимбабве била основана како независна држава. Денес државата е многу сиромашна поради лошата политика на водачите, а некогаш била именувана како „скапоцен камен на Африка“ поради просперитетот на земјата.[8][9][10]
Роберт Мугабе станал премиер на Зимбабве во 1980 година, кога тогашната (а и денешна) владеачка партија ЗАНУ-ПФ победила на изборите. Со тоа се ставил крајот на доминацијата на малото бело население. Седум години Мугабе бил премиер, а во 1987 станал претседател, функција која ја извршува до денес. Мугабе вовел тоталитарен режим, има доминација во целокупното општество, прекршување на човековите права и силно и успешно деградирање на опозицијата.[11] Мугабе сè уште има социјалистичка реторика од Студената војна и го обвинува западот за лошата економска ситуација на земјата.[12] Државата има голем економски пад кој започнал уште во 1990-те и забележала хиперинфлација во скоро време со што се укинала и домашната валута.[13]
Во ноември 2017 година низ државата се организирале протести против тоталитарниот режим на Мугабе. Како резултат на тоа се организирал еден вид државен удар од страна на воените старешини и Мугабе бил ставен во домашен притвор заедно со неговата сопруга.[14][15] На 19 ноември 2017 година Мугабе бил, против неговата волја, сменет како водач на владеачката партија и заменет со Емерсон Мнангагва[16], кој пак се сметал за негов наследник на претседателската функција. Такви апсирации имала и неговата сопруга Грејс Мугабе.
Со стапувањето во водство на партијата, Мнангагва станал наследник на Мугабе на функцијата претседател на Зимбабве.
Remove ads
Потекло на поимот
Името на Зимбабве доаѓа од називот "Dzimba dza mabwe" што значи „голема куќа од камен“ на шона.
Историја
Едни од најстарите народи кои живееле на денешната територија на Зимбабве (тогаш Родезија) биле Пигмејците. Во текот на 8 век, тие се помешиле со типичните земјоделски народи по име Шона, дел од народите Банту, кои започнале да добиваат злато и мед од богатите семејства во регионот. Во текот на 15 век на овие простори била формирана империјата Мономотапа, која била главната територија која што ги контролирала реоните со злато, кое пак главно било продавано на арапите и португалците. Во следниот 16 век, империјата се распаднала на четири дела, по кое следувале многубројни конфликти и граѓански војни. Во меѓувреме дошле и португалските трговци, а со тоа и армијата на Португалската империја. Во почетокот империјата на Португалците не бележиле којзнае какви успеси, за да сепак кон XVIII век испее да ја наложи својата моќ. Во 1911 годфина била основана јужна Родезија а како британска колонија била официјално објавена во 1923 година. Во 1912 година, т.н. бели колонизатори се откажале од намерата да се приклучат кон јужноафриканскиот сојуз. По крајот на Втората светска војна, бројот на белото население драстичо се зголемило. Во периодот од 1953 до 1963 година, Јужна Родезија била дел од федерацијата на Родезија и Њасаленд. По распаѓањето на федерацијата, формално била објавена независноста на земјата, која од 1965 година била преименувана во Родезија.[17][18] По изгласувањето на републиканскиот устав од 1970 година, врските со Велика Британија биле прекинати. По ова следувала осудата од страна на ООН за расизам|расистичката политика на власта. Земјата ги подобрила односите со Јужна Африка, чиоја цел била да излезе од политичката изолација. Од друга страна пак, црното население започнало да формира политички движења. Следувале повторните економски санкции и избувнување на партизански акции, кое го принудило премиерот да си поднесе оставка. Во 1977 година, за нов премиер на земјата бил избран Музорева, но граѓанските конфликти продолжиле. Во негово време земјата била преименувана во Зимбабве-Родезија. Во 1979 година во Лондон се провела конференција на која било подготвено прогласуувањето на независност на земјата. Следната година била прогласена независноста, а на власт дошле социјалистите. Во 1988 година во земјата бил воведен еднопартиски систем.
Remove ads
Географија
Политички систем
Административна поделба
Зимбабве се дели на 8 покраини и 2 града-покраини. Покраините се поделени на 59 окрузи, а тие пак, на вкупно 1.200 општини.
Покраините се следниве:
- Булавајо (град)
- Западен Машоналенд
- Источен Машоналенд
- Јужен Матабелеленд
- Маникаленд
- Масвинго
- Мидлендс
- Северен Матабелеленд
- Хараре (град)
- Централен Машоналенд
Стопанство
Демографија
Најголем дел од населението на земјата, своите корени ги има од народот Банту (98%), 71% од кој и припаѓа на етничката група Шона, а 16% на етничкатљ група Ндебеле.
Во минатото во земјата живеело и мал број на бело население, кое кон средината на XX век било 5% од целото население на Зимбабве. По прогласувањето на независноста на земјата, процентот на белото население значително се намалил. Денеска, тој процент изнесува 1%. Ова можеби се должи на дискриминаторската политика која ги води земјата кон белото население.
Според податоците од 2005 година населението е следново:
- 98.8% - црни,
- 1% бели
- друѓи
- Христијани - 10,935,900
- Муслимани - 113,130
- Без Религија - 993,030
- Народна Религија - 447,660
- Евреи - 10,000
- Други - 37,710
Remove ads
Култура
Музика
Спорт
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads