Животни облици на растенијата
тип на растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Животен облик на растенијата, биолошки облик, биоморфа — надворешен облик на растенијата (хабитус) кој ја одразува нивната приспособеност (адаптираност) кон условите на животната средина. Овој поим е предложен од данскиот ботаничар Јоханес Евгениус Варминг (1884), кој под него подразбирал „облик, во која вегетативното тело на растенијата се наоѓа во хармонија со надворешната средина, од семето до изумирањето“.

Во процесот на поединечниот развиток (онтогенеза), надворешниот облик на растенијата се менува. Факторите на средината кои влијаат на измените можат да се поделат на надворешни (околната средина) и внатрешни (внесени во генетскиот код). И покрај разновидноста на животните облици на растенијата, постојат неколку општи критериуми врз основа на кои многуте животни облици можат да се поделат на групи.
Remove ads
Класификација
Прва класификација на основните облици на растенија основана на нивниот надворешен облик дал германскиот природонаучник Александар фон Хумболт. Таа се состоела од 19 основни облици и била објавена во 1806 година. Критериумите врз кои тој ја градел оваа класификација се основале на физиономските одлики на растенијата. По оваа првична класификација, следувале неколку други, и тоа оние на Антон Кернер (1863), Август Гризебах (1872), Оскар Друде (1913), во кои покрај физиономските параметри, свое место заземале и некои други одлики.
Подоцнежните класификации се основале на некои специјални адаптивни признаци: положба на пупките и одликите на заштитните лушпи на пупките (Христен Раункиер, 1905, 1907) и по способноста за вегетативно размножување (Георгиј Николаевич Висоцкиј, 1915 и Емануил Хенрихович Казакевич, 1922).
Советскиот ботаничар Иван Григоревич Серебрјаков предложил (1962, 1964) класификација која се основала на структурата и должината на животот на надземните потпорни елементи на растенијата.
Remove ads
Поврзано
- Раункиерова поделба на растенијата
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads