Сојка
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сојката (науч. Garrulus glandarius) е вид птица која е распространета на огромен регион од западна Европа и северозападна Африка до Индија и понатаму до источниот брег на Азија и долу во југоисточна Азија. Во тој голем опсег има неколку форми (раси) кои еволуирале и се многу различни едни од други, особено ако се споредуваат птици од едниот до другиот крај на распространетоста. Сојката ја има и во Македонија.
Remove ads
Таксономија и систематизација
Сојката е еден од многуте видови опишани најпрво од Карл Лине во неговото дело од 18 век, Systema Naturae. Тој ја смести во семејството Corvidae, нарекувајќи ја Corvus glandarius.[2]
Осумте расни групи (33 подвида вкупно) се дефинирани од Маџ & Брн (1994):[3]

- номинираната група (9 европски раси), со цуцулеста круна;
- групата cervicalis (3 раси во Северна Африка), со грива кај тилот, сива мантија, многу светли страни на главата и цуцулеста или црна круна;
- групата atricapillus (4 раси на Блискиот Исток, Крим и Турција), со споена мантија и тил, црна круна и многу светло лица;
- hyrcanus расата во Иран, мали, со црна круна напред и широко назабена назад;
- групата brandtii (4 раси во Сибир и северна Јапонија), со набраздена круна, црвеникава глава, темни очи и сива наметка;
- групата leucotis (2 раси во југоисточна Азија), без бело на крилјата, со бело на предниот дел од круната, а црно на задниот и многу побела на страните од главата;
- групата bispecularis (6 раси во регионот на Хималаите), без нацуцулена круна и без бело на крилјата;
- групата japonicus (4 раси во јужните јапонски острови), со голема бела дамка на крилјата, црно лице и скалеста круна.
Remove ads
Живеалиште
Сојките живеат во мешани шуми, особено сакаат дабови послани со многу желади. Последните години, сојките почнаа да се селат во урбаните средини, веројатно заради уништувањето на нивните природни средини.
Поведение
Вообичаеното огласување на сојката е тревожен, груб, рапав крик кој го користи кога ќе забележи разни грабливи животни. Но, таа е позната по нејзината мимикрија и може да звучи како различни видови птици толку добро, што не може да се направи разлика. Ги имитира звуците дури и на грабливите птици што неа ја напаѓаат како планинската улулајка. Сојката ја ловат разни грабливки, како што се: бувот, ноќе и јастребот кокошкар и сивиот сокол во текот на денот.
Исхрана
Сојката се храни и на дрвјата и на земја. Конзумира широк спектар безрбетници, вклучувајќи и многу инсекти штетници, потоа желади (семето од даб, кое го закопува и чува за зима)[4], разни други семиња и плодови, но и пилиња од други птици, јајца и мали глодачи.
Размножување

Гнезди на дрвјата или во големи грмушки и несе 4–6 јајца кои се испилуваат по 16–19 дена, а се осамостојуваат по 21–23 дена. Двата родитела се грижат и ги хранат младенчињата.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads