Жолтоглаво кралче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жолтоглавото кралче (науч. Regulus regulus) — многу малечка врапчевидна птица од семејството на кралчињата (Regulidae). Нејзината златна круна (креста, цуцулка) ѝ го дала научното име, англиското (goldcrest), и македонското - кралче, како и тоа што во голем дел од европскиот фолклор е сметана за „крал на птиците“. Има неколку подвидови во нејзината широка распространетост низ Евроазија и на островите во Макаронезија. Таа е делумно птица преселница, со популациите од север и исток што се селат на југ од опсегот. Оваа мала песнопојна птичка ја има и во Македонија.
Remove ads
Опис
Жолтоглавото кралче е најмала европска птица, долга 8.5-9.5 см, има распон на крилјата 13.5–15.5 см и тежи 4.5–7 грама. Горниот дел ѝ е маслинавозелен, одоздола е кремавобела, има две бели линии на крилјата, светло лице со изразено црни очи. Круната на главата има црни страни и црн врв, а светлата креста е жолта со портокалова средина кај мажјаците и целосно жолта кај женките.[2][3] При додворувањето, мажјаците ја креваат крестата и тогаш портокаловата боја доаѓа до израз. Малиот, тенок клун е црн, а нозете се темна месо боја. Освен во бојата на крестата, половите се слични, иако женките можеби имаат многу малку посветли горни делови и посиви долни делови. Младенчињата се како возрасните, но се понеобоени и ја немаат крестата. Летот им е впечатлив; содржи чести замавнувања со крилјата и ненадејни нагли менувања на правецот. Кратките летови додека се храни се мешавина од поттрчнувања, развиорувања и лебдења. Неуморно се движи меѓу зеленилото, нагоре-надолу по стеблото, притаен во гранките.[2]
Remove ads
Огласување

Типичното контактно огласување е тенко, многу високо ции кое го дава во интервали 1–4 секунди, во ист тоналитет. Понекогаш нагло завршува или забрзува на крајот. Повикот е повисок и понежен од оној на црвеноглавото кралче. Песната на мажјакот е многу висока, тенка дупла нота цид’р, која се повторува 5-7 пати и завршува распеано: цид’р-цид’р-цид’р-цид’р-цид’р-стич-сии-пии. Целата песна трае 3-4 секунди и се повторува 5-7 пати во минута. Оваа песна често се слуша додека мажјакот се храни преку целата година.[4]
Remove ads
Подвидови
Кралчињата се мала група птици понекогаш вклучени во други, но почесто во своја посебно семејство.[5]
Континентална Евроазија

Опишани се неколку подвидови.[6] Во континентална Евроазија, има, генерално, 9 подвида, кои се разликуваат само во детали, како што се нијансите на перјето.[7] На генетско ниво има две централноазиски форми, R. r. sikkimensis и R. r. himalayensis. Издвоени подвидови:
- R. r. regulus (Linnaeus, 1758), номинираниот подвид кој се размножува низ Европа;
- R. r. himalayensis (Bonaparte, 1856), се размножува на Хималаите, а се разликува по малку посветлото перје одозгора и побели долни делови;
- R. r. japonensis (Blakiston, 1862), се размножува во источна Азија, вклучувајќи ги и Јапонија, Кореја, Кина и Сибир; позелено е и има потемни горни делови, како и пошироки бели ленти на крилјата;
- R. r. tristis (Pleske, 1892), се размножува во Кина и Средна Азија, а зимува во североисточен Авганистан; нема црни рабови на крестата, круната кај мажјаците е пожолта, а долните делови им се многу посветли и посиви;
- R. r. coatsi (Sushkin, 1904), се размножува во Русија и Средна Азија, посветли се одозгора;
- R. r. yunnanensis (Rippon, 1906), се размножува на источни Хималаи, Бурма и Кина; слични се на R. r. sikkimensis, но се потемни, со темнозелени горни делови и потемно кремави одоздола;
- R. r. hyrcanus (Zarudny, 1910), се размножува само во Иран, сличен е на R. r. buturlini, но малку потемен;
- R. r. buturlini (Loudon, 1911), се размножува во источна Европа, Кавказ и Средна Азија; посветол е и повеќе сивозелен отколку маслинастозелен;
- R. r. sikkimensis (Meinertzhagen R. & Meinertzhagen A., 1926), се размножува во Индија и Кина, потемен е од R. r. himalayensis, и позелен од номинираниот подвид.

Атлантски острови
Птиците на Канарски Острови имаат античка колонизација, додека оние од Азори се со поново потекло.
- R. r. teneriffae (Seebohm, 1883), го има само на Тенерифе, Канарски Острови; има црно чело и розовокремави долни делови;
- R. r. ellenthalerae (Päckert et al, 2006), постојани жители во Ла Палма и Јеро, Канарски Острови;
- R. r. azoricus (Seebohm, 1883), го има само на островот Свети Мигел, на Азорите;
- R. r. inermis (Murphy & Chapin, 1929), постојан жител на островите Флориш, Фајал, Терцеира, Св. Георги и Пико; Азори;
- R. r. sanctaemariae (Vaurie, 1954), само на островот Света Марија; Азори.
Remove ads
Поведение
Живеалиште
Жолтоглавото кралче се размножува во низинските и планинските шумски предели, главно до 3.000 метри надморска височина, а повремено и до 4.800. Густината при размножување достига над 591 пар во км² (документирано во Ирска). Користат четинарски шуми, а парковите и гробиштата во урбаните средини, само ако им одговара животната средина. Висината и видот на четинарот е неважен, ниту пак големината на шумата.[2] Откако ќе им заврши размножувањето, овие птици се селат во листопадни, грмушести или тревни поотворени површини.
Размножување
Овие птици се моногамни. Мажјакот, за време на сезоната на парење почесто пее додека бара храна отколку перчејќи се на гранка. Неговото покажување содржи поклонување со главата кон друга птица и кревање на обоената цуцулка.[2] Жолтоглавото и црвеноглавото кралче во многу малку области делат иста територија, или го има едното, или другото. Но, се случува жолтоглавото кралче бранејќи ја својата територија да ја пее песната на црвеноглавото.[8]
Гнездото е сложена структура од три слоја[9] , обесено на гранка и претставува затворена чашка со мал влез на врвот. Однадвор е направено од мов, мали гранчиња, пајажини и лишаи, а пајажините ги користи и за закачување на гнездото на гранката. Во средниот слој има мов, а внатре е послано со пердуви и коса. Гнездото е поголемо, поплитко и помалку компактно од она на црвеноглавото кралче и го градат двата родитела, иако женката ја завршува поголемата работа.[10]
- Стар цртеж на гнездо со неколку иглолисни гранчиња
- Regulus regulus regulus
- Regulus regulus azoricus
- Regulus regulus inermis
- Regulus regulus teneriffae
Квачењето започнува кон крајот на април и почетокот на мај.[2] Јајцата се белкави со незабележителни кремави, сиви или кафеави дамки на краевите од леглото.[11] Несат 9-11 јајца (6-13), ги инкубира женката греејќи ги со своето тело, но, исто така, ги става нозете помеѓу нив.[9] Второто легло, кое е вообичаено, го имаат уште додека во првото има пилиња. Мажјакот го гради второто гнездо,[9] па ги храни пилињата од првото додека женката ги инкубира јајцата на второто; а кога тие ќе се оперјат ѝ се придружува на женката во хранењето на второто легло.[2] Мажјакот не ја храни женката додека инкубира. А таа, пак, е многу строга кога квачи и не го напушта гнездото ако е вознемирена, па дури и ако се земе во раце.[12] Јајцата се инкуцираат на температура од 36.5 °C, па преку ден таа може да го напушти гнездото, но никако ноќе и рано наутро.[13] Јајцата се инкубираат 16-19 дена, а пилињата се оперјуваат на возраст од 17 до 22 дена. Обата родитела се грижат за малечките и забележано е при многу топло време како женката им носи вода во клунот своите пилиња. Овој вид станува сексуално зрел на едногодишна возраст, а има морталитет од 80%, што им дава време само од 8 месеци за продолжување на видот, што е најкусо време за било која птица (освен неколку Coturnix видови).[14] Сепак, има сведоштва за старост од 4 години и 10 месеци на оваа птица, па дури и за означена птица од Винчестер во 1989 која умрела во Мароко по 7 години и 7 месеци.[15]
Хибридизацијата на црвеноглавото и жолтоглавото кралче не се случува, најверојатно поради различните ритуали во додворувањето и различните фацијални шарки.
Исхрана
Сите кралчиња, речиси без исклучок, се инсектојадни, ловејќи мали членконоги животни со мека обвивка, како растителни вошки, мушички, пајаци, муви и сл. Исто така, јадат ларви и јајца од пајаци и инсекти, и повремено земаат полен. Конкуренцијата при исхраната со црвеноглавото кралче се избегнува, така што, овие јадат помали животни, и се хранат на подолниот дел од крошната, од долните делови на гранките и листовите, а понекогаш дури и на земја. Зимно време, се приклучуваат во големи јата заедно со сипки и други мали врапчевидни птици, каде исхраната е поуспешна отколку да се сами.[16]
Зимско преживување
Неколку мали врапчевидни видови ја преживуваат студената зима намалувајќи го метаболизмот и телесната температура до 10° под нормалната, за да ја редуцира потрошувачката на енергија ноќе. Но, за многу малите птици, вклучувајќи и оваа, заштедата на енергијата со хипотермија може да биде недоволна и да осздаде негативни ефекти кога телото во мугрите треба да си ја врати нормалната температура.[17] Набљудувањето на пет добро хранети птици зимно време покажало дека тие ја задржувале нормалната телесна температура за време на ноќта, метаболизирајќи ја храната од денот, и дека користеле загревање на телото со криење во дупки во снегот, меѓу лисјата и греејќи се заедно со други птици.[17] Две птици ја намалуваат загубата на топлина за четвртина, а три за третина.[18] За време на 18-часовна ноќ, со температура под -25 °C, на север од опсегот, се стуткуваат заедно, зашто секој може да загуби и до 20% од телесната тежина за да ја задржи топлината.[9]
Remove ads
Грабливци и паразити
Низ целиот опсег јастребот врапчар е најголемиот грабливец и најголемата опасност за малите песнопојни птици, чија исхрана 98% се сведува на нив.[19] Планинската улулајка се храни повеќе со мали цицачи, но третина од нејзината исхрана се малите птици.[20] Ретко оваа птица е домаќин на паразитската кукавица, за тоа има само едно сведоштво.[21][22]
Статус
Жолтоглавото кралче е широко распространето на околу 13.2 милиони км² и има популација од околу 80-200 милиони единки, затоа е класифицирано како вид со најмала загриженост на Црвениот список на МСЗП.[1][23]
Во културата
Аристотел и Плиниј се поврзуваат со легендата за натпреварот меѓу птиците, која треба да биде нивниот крал. Ќе победи таа што може да лета највисоко. Првично, изгледало дека орелот ќе победи лесно, но кога тој почнал да се заморува, една мала птица која била скриена под неговата опашка, се појавила и летнала уште повисоко, и така ја освоила титулата.[24][25] Следејќи ја оваа легенда, во многу европски фолклорни култури палчето е опишано како „крал на птиците“ или како носител на пламенот. Но, исто така, титулата се применува на видовите Regulus (кралчиња), со нивните огнени круни, што ги прави пооригинални носители на титулата.[26] Веројатно палчето е земено предвид зашто во легендата пишува „најмалата од сите птици“ станала крал.[27][28]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads