Жолтоклуна галица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Жолтоклуна галица
Remove ads

Жолтоклуната галица (науч. Pyrrhocorax graculus) е врапчевидна птица од семејството на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax). Нејзините два подвида се размножуваат низ високите планини од Шпанија, па на исток низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, северна Африка, Индија и Кина, и може да гнезди на најголема надморска височина од сите птици.

Кратки факти Жолтоклуна галица, Заштитен статус ...

Има сјајноцрно перје, жолт клун, црвени нозе и препознатлив повик. Лета со многу раширени и назабени примарни пердуви, со често лебдење.

Remove ads

Таксономија и систематика

Thumb
Жолтоклуна галица во лет, Швајцарија

Оваа птица за првпат е опишана како Corvus graculus од Linnaeus во неговата Систем на природата, 1766.[2] а преместена е во сегашниот род галици (Pyrrhocorax), од Мармадјук Тунстал (Marmaduke Tunstall), 1771 во неговата Орнитологија Британика,[3] заедно со единствениот втор член на родот црвеноклуната галица ( P.pyrrhocorax).[4]

Името на родот потекнува од грчкото πύρρος (purrhos) - „со боја на оган“ и κόραξ (korax)- „гавран“.[5]

Има два подвида:

  • P. g. graculus, номинираниот подвид, распространет во Европа, северна Африка, Турција, Кавказ и северен Иран;[4]
  • P. g. digitatus, (Hemprich & Ehrenberg; како P.alpinus или digitatus во 1833),[6] поголем е и има посилни нозе од номинираниот;[4] распространет е во остатокот од опсегот, претежно на Хималаите.[7]
Remove ads

Опис

Thumb
Споредба на црвеноклуна (лево) и жолтоклуна галица (десно). Крилјата на црвеноклуната се со пораширени и подлабоки „прсти“ на примарните пердуви, а при стоење крилјата се подолги од опашката.

Жолтоклуната галица има сјајноцрно перје, краток жолт клун, темнокафеави очи и црвени нозе.[4] Малку е помала од црвеноклуната галица, односно во должина е 37-39 см, има распон на крилјата 75-85 см и има пропорционално подолга опашка, а пократки крилја од својот роднина. Летот е сличен, лесен и пловечки.[7] Половите се идентични по изглед, но мажјаците се малку поголеми. Младенчињата се побледи и имаат бледожолт клун и кафеавкави нозе.[4]

Летот на оваа птица е брз и акробатски, со поретки, длабоки замавнувања на крилјата. Многу лесно маневрира со ширење на опашката и свивање на крилјата. Повикот ѝ е поразличен од останатите врани, растреперено приип или свиркачко свиииууу. Повикот за тревога е тркалачко чурр, а кога се одмара или храни, произведува разни тивки жуборкањa и крцкања.

Remove ads

Поведение

Живеалиштето на жолтоклуната галица се високите планини меѓу 1.260 и 2.880 метри надморска височина во Европа, 2.880-3.900 во Мароко и 3.500-5.000 на Хималаите. Гнездела и на 6.500 мнв, повисоко од било која друга птица.[8] Била набљудувана како ги следи качувачите на Монт Еверест до 8.200 мнв.[9]

Исхрана

Thumb
На скијачки терени на Алпите

Во текот на летото, оваа птица се храни главно со безрбетници кои ги собира од пасиштата, како што се бумбарите, полжавите, скакулците, гасениците, мувите и сл., а несен, зиме и во рана пролет главно со овошје и бобинки. Тие со задоволство ја надополнуваат својата исхрана со остатици храна понудена од туристите на скијачките терени или другите места со луѓе. На местата каде има доволен извор на храна, бројот на птици и младенчиња е поголем.

Птиците секогаш се хранат во групи, кои се поголеми зиме од лете. Каде што има недостаток од храна, возрасните се подоминантни од малденчињата и мажјаците од женките.[10] Местата за хранење се менуваат во текот на годината, зависно од климатските услови и достапност на храната. Движењето кон пониска надморска височина започнува со паѓањето на првиот снег, но се враѓаат на спиење во своите места.

Размножување

Thumb
Јајце

Жолтоклуната галица е моногамна птица, покажувајќи висока приврзаност кон партнерот и лете и зиме, и од година во година.[10] Гнездењето започнува на почетокот од мај, поединечно (не во колонии), иако во погодни услови може да има неколку пара во близина.[4] Гломазното гнездо го прават од корења, гранчиња и други растенија, а го постилаат со помеки тревки или влакна, и најчесто го сместуваат во пештера, длабока пукнатина во карпа или напуштена зграда. Леглото има 3-5 сјајни белкави јајца со ситни кафеави дамки.[4] Ги инкубира женката во период од 14 до 21 ден.[7] Се испилуваат со слаба покриеност со пердувчиња (за разлика од оние на црвеноклуната, кои се голи),[11] и се оперјува по 29-31 ден.[7] Ги хранат обата родитела, па и останатите возрасни од јатото на кое ќе се придружат откако ќе се оперјат.[4] Размножувањето на толку висока надморска височина е возможно, зашто нивните јајца имаат помалку пори и губат помалку вода заради понискиот атмосферски притисок.[12] Ембрионот на птиците кои се размножуваат на голема надморска височина, исто така, имаат хемоглобин со генетски определен висок афинитет за кислород.[13]

Remove ads

Статус

Жолтоклуната галица има широк, наместа испрекинат опсег од 1-10 милиони км² и голема популација од 260.000 до 620.000 поединци само во Европа. Иако наместа популацијата е многу намалена, глобално таа не во пад, па според Црвениот список на МСЗП ова е вид со најмала загриженост од исчезнување.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads