Црвеноклуна галица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црвеноклуна галица
Remove ads

Црвеноклуната галица (науч. Pyrrhocorax pyrrhocorax) е врапчевидна птица од семејството на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax). Нејзините осум подвида се размножуваат низ планините и крајбрежните грбени од западниот брег на Ирска и Велика Британија, на исток низ јужна Европа и северна Африка до Средна Азија, Индија и Кина. Оваа птица порано била распространета и низ Македонија, но сега кај нас повеќе не се размножува.

Кратки факти Црвеноклуна галица, Заштитен статус ...

Таа има сјајни црни пердуви и долг надолу свиен црвен клун, црвени нозе и гласен, ѕвонлив повик. Лета со лебдење и раширени примарни пердуви на крилјата. Се спарува за цел живот и живее на истата територија.

Remove ads

Таксономија и систематика

Црвеноклуната галица за првпат беше опишана од Linnaeus во неговата Систем на природата, 1758 како Upupa pyrrhocorax.[2] Преместена е во сегашниот род галици (Pyrrhocorax), од Мармадјук Тунстал (Marmaduke Tunstall), 1771 во неговата Орнитологија Британика.[3] Името на родот потекнува од грчкото πύρρος (purrhos) - „со боја на оган“ и κόραξ (korax)- „гавран“.[4] Единствен втор член на родот е жолтоклуната галица (Pyrrhocorax graculus).[5]

Има осум подвида, иако разликите меѓу нив се многу мали:[6]

  • P. p. pyrrhocorax, номинираниот подвид, и најмал, ендемски е на Бринаските Острови;
  • P. p. erythropthalmus, ( Vieillot,1817 како Coracia erythrorhamphos),[7] распространет низ континентална Европа, вклучувајќи ја и Грција. Поголем е и позеленкав од номинираниот;[6]
  • P. p. barbarus, ( Varie, 1954), постојан жител на северна Африка и дел од Канарските Острови; во споредба со P. p. erythropthalmus, е поголем, има подолги крилја и опашка и перјето има позеленкав сјај;[8]
  • P. p. baileyi, (Austin L. Rand & Vaurie, 1955),[9] со побледо перје; ендемски во Етиопија и зафаќа две сосема одвоени области, можно е да станува збор и за два различни подвида;[6]
  • P. p. docilis, (Gmelin, како Corvus docilis, 1774),[10]; распространет е од Грција до Авганистан, поголем е од африканскиот подвид, со помал клун, а перјето е многу зеленкаво со малку сјај;[6]
Thumb
Младенче P. p. himalayanus во Индија
  • P. p. himalayanus, (Gould, 1862 како Fregilus himalayanus);[11] од Хималаите до западна Кина, се соединува со P. p. docilis на западниот дел од опсегот; најголем подвид, со долга опашка и со син или виолетовосин сјај на пердувите;[6]
  • P. p. centralis, (Stresemann, 1928);[12] Средна Азија. Помал и не толку синкав како P. p. himalayanus,[6] и разликата со следниот подвид е дискутабилна;[8]
  • P. p. brachypus, (Swinhoe, 1871 како Fregilus graculus var. brachypus);[13] централна и северна Кина, Монголија и јужен Сибир. Сличен е со P. p. centralis но со послаб клун.[6]
Remove ads

Опис

Thumb
P. p. pyrrhocorax; номинираниот подвид, во лет, Англија
Thumb
Споредба на црвеноклуна (лево) и жолтоклуна галица (десно). Крилјата на црвеноклуната се со пораширени и подлабоки „прсти“ од примарните пердуви, а при стоење крилјата се подолги од опашката.
Thumb
Јајце

Црвеноклуната галица е долга 39-40 см, има распон на крилјата 73-90 см и тежи околу 310 грама.[4] Перјето ѝ е кадифеноцрно со зеленкав сјај и има долг црвен, надолу свиен клун и црвени нозе. Половите се исти, но младенчињата имаат портокалов клун и розови нозе, до првата есен и понесјајни пердуви.[6]

Повикот ѝ е силен, ѕвонлив чии-оу.

Remove ads

Поведение

Црвената галица е постојан жител, не е преселница, а нејзиното живеалиште се високите планини меѓу 2.000 и 2.500 метри надморска височина во северна Африка, 2.400-3.000 на Хималаите, а се лете се среќава на височина од 6.000 па дури и до 7.950 метри, на Монт Еверест.[6]

Исхрана

Црвената галица, главно се храни со инсекти, пајаци и други безрбетници од земјата, а најмногу со мравките кои веројатно се најзначаен дел од исхраната.[6] Во Средна Азија стојат на диви или домашни цицачи и се хранат со нивните паразити.[14] Иако безрбетниците го сочинуваат најголемиот дел од исхраната, сепак, тие јадат и растителна храна, како жито, јачмен и сл. Најчесто се хранат на испасена трева (или искосена).

Размножување

Црвеноклуната галица половата зрелост ја достигнува на тригодишна возраст и вообичаено има по едно легло годишно. Откако ќе се спарат, остануваат заедно цел живот. Гломазното гнездо го градат во пукнатини на карпи, гребени, или копаат длабока дупка во песок (речиси 1 метар), а понекогаш и на зградите во урбаните средини (во Монголија). Однадвор е направено од груби гранки и корења, а внатре го постилаат со волна или влакна. Несат 3-5 јајца, кремави со кафеави и сиви точки и дамки.

Женката ги инкубира 17–18 дена, а за тоа време мажјакот ја храни. Пилињата ги хранат обата родитела додека да се оперјат за 31-41 ден.[4] Просечниот животен век на овие птици е 7 години,[4] но регистрирана е старост од 17.[15]

Статус

Црвеноклуната галица има широка распростанетост на околу 10 милиони км² и популација од 86,000 до 210,000 поединци во Европа и глобално таа не е во опаѓање. Затоа спред Црвениот список на МСЗП е вид со најмала загриженост од исчезнување.[1]

Но, Европската популација опаднала и се фрагментирала поради загубата на традиционалното земјоделство, прогон или уништување на местата за гнездење. На некои места популацијата сега е стабилизирана, а само во Шпанија има широка распространетост. Всушност, во Европа, се смета за ранлив вид.[16]

Remove ads

Во културата

Во старогрчката митологија, оваа птица, позната како „морска врана“ се сметала за света на титанот Крон кој живеел на Калипсовиот Блажен Остров.[17]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads