Жорж Шарпак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жорж Шарпак (француски: Georges Charpak; 1 август 1924 [1] – 29 септември 2010 ) — полско-француски физичар кој потекнува од семејство на полски евреи и е награден со Нобелова награда за физика во 1992 година.[2][3][4]
Remove ads
Живот
Шарпак е роден во Полска во еврејско семејство, како дете на Ана и Морис Шарпак, во селото Дабровица. Шарпаковото семејство се преселило од Полска во Париз кога тој имал 7 години, започнувајќи со своите студии по математика во 1941 година во лицејот „Свети Луј“.[5]
За време на Втората светска војна Шарпак се придружил на отпорот и бил заробен од Вишиевските авторитети во 1943 година. Во 1944 година тој бил депортиран во нацстички концентрациониот логор во „Дахау“, каде останал сè до ослободувањето на кампот во 1945 година.
По подготвителните студии на лицејот „Свети Луј“ во Париз и подоцна во лицејот „Жофр“ во Монтепелје,[6] тој се запишал во 1945 година на париската Школа за рударство, едно од најпрестижните инженерски училишта во Франција. Наредната година станал француски граѓанин. Дипломирал во 1948 година, стекнувајќи се со диплома за рударски инженер станувајќи ученик во лабораторијата на Фредерик Жолио – Кири при Францускиот колеџ во 1949 година,[5][7] годината кога Кири ја раководел изградбата на првиот „атомски стог“ во франција.[8] Додека бил на колеџот , Шарпак си обезбедил истражувачка позиција[5] во национлниот центар за научно истражување (CNRS). Тој се стекнал со докторска титула во 1954 година[9] од одделот јадрена физика при Францускиот колеџ, отакао ја напишал тезата со тема многу мало зрачење при распадот на јадрото (Шарпак и Сузор).[5][10][11]
Во 1959 година, тој започнал да работи во CERN во Женева. Тука тој ја измислил и развил,[12][13] Повеќежичаната пропорционална комора. Комората била патентирана и набрзо ги надминала првичните меурни комори, обезбедувајќи побрза обработка на податоците.[14][15] Ова ново откритие било јавно прикажано во 1968 година.[16] Шарпак подоцна ќе стане содружен пронаоѓач со Нгок и Поликарпо на сцинтилационата жичена комора при крајот на 1970-ите.[17] Тој се пензионирал од ЦЕРн во 1991 година. Во 1980 година, Шарпак станал професор на Школата за физичка и хемиска индустрија во Париз и работел таму сè до 1984 година. Тука тој ги развил и покжал моќните примени на детекторите на честички кои тој ги измислил, најчесто за подобрување на здравствената дијагностика. Тој бил соосновач и на многу нови претпријатија во полето на медицината како што се: Лаборатории за молекулски погони, Биоспејс инструментс и суперсоник имаџин – заедно со Матијас Финк. Тој бил избран за член на Француската акаемија на науките на 20 мај 1985 година.
Шарпак бил награден со Нобелова анграда за физка во 1992 година „за исмислувањето и создавањето на честичните детектори, особено за повеќежичаната пропорционална комора“, во соработка со Вишата школа за физичка и хемиска индустрија во Париз и ЦЕРН. Ова било последен пат само едно лице да биде наградено со Нобелова награда за физика. Во март 2001 година Шарпак се стекнал со почесна диплома од Андскиот универзитет во Богота, Колумбија.[18]
Во Франција, Шарпак се залагал за употреба на јадрената енергија. Тој бил и член на одборот на спонзори на билтенот на атомските научници.[19]
ШАрпак се оженил со Доминика Видал во 1953 година. Тие имале 3 деца.[20]
Remove ads
Објавени дела
Книги
- La vie à fil tendu, соавтор Доминик Саудино (1993 Одил Жакоб, ISBN 2-7381-0214-X)
- Devenez sorciers, devenez savants, соавтор Анри Брох (Одил Жакоб, ISBN 90-5814-005-9). Објавен ана англиски со наслов "Debunked!" од страна на Johns Hopkins University Press.
Технички извештаи
- Шарпак, Ж. и М. Гурдин. „K{sup 0}анти K{sup 0} систем“, Европска организација за јадрено истражување, Париски универзитет, (11 јули 1967).
- Шарпак, Ж. „Развојот на наекои детектори за честички засновани на празнење на гасови“, Европска организација за јадрено истражување, (19 ноември 1969).
- Шарпак, Ж. и Ф. Саули, „Високопрецизна, дводимензионално отчитување кај повеќежичената пропорционална комора", Европска организација за јадрено истражување, (14 февруари 1973).
- Шарпак, Ж.; Живон, A.; Саули, Ф. и Р. Стубс, "High-Accuracy Measurements of the Centre of Gravity of Avalanches in Proportional Chambers", Европска организација за јадрено истражување, (24 септември 1973).
- Crittenden, J.A.; Hsiung Y.B.; Kaplan a.D.M.; Hubbard J.R.; Mangeot P.; Peisert A.; Шарпак Ж.; Sauli F.; Brown C.N.; Childress S.; и др. (1986). „Inclusive hadronic production cross sections measured in proton-nucleus collisions at. sqrt. s = 27. 4 GeV“. Physical Review D. 34 (9): 2584. Bibcode:1986PhRvD..34.2584C. doi:10.1103/PhysRevD.34.2584. OSTI 7244218.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads