Жужелци

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Жужелциmap
Remove ads

Жужелци (грчки: Σπήλαια, Спилеја; до 1928 г. Ζούζελτσι, Зузелци или Ζούζιλτσα, Зузилца[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото до денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Жужелци Σπήλαια, Земја ...
Remove ads

Географија

Жужелци се наоѓа на 21 км југозападно од градот Костур и на 10 км југозападно од Рупишта.

Историја

Во Отоманското Царство

Thumb
Женска народна носија од Жужелци.

Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. со 11 семејства под името Жужелџи.[4] Главна знаменитост на селото е црквата „Св. Недела“, изградена во 1853 г. врз темелите на стар храм од XVIII век.[5] Кај селото се наоаѓаат и урнатините на средновековната црква „Св. Димитриј“.[6]

На крајот од XIX век Жужелци било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Жужелци имало 560 жители Македонци.[7][8] Познато е дека околу 1880 г. 3 куќи од големиот род Сикавица (Сикавичовци) се преселиле во Рупишта.[9] Се занимавале со анџиство, и од Жужелци се иселиле бегајќи од арамилак.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жужелци е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 90 куќи.[11]

На почетокот на XX век целото население на Жужелци било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[12] Истата година турските власти не им дозволиле на учителите Никола Костојчинов од Охрид и Кист. Георгиева од Рупишта да отворат народно училиште.[13] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Жужелци имало 720 Македонци, сите под егзархијата.[7][14]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. Жужелци имало 70 „расколнички“ семејства (негрчки семејства под егзархијата).[15]

Според Георги Константинов Бистрицки, Жужелци пред Балканските војни имало 80 македонски куќи,[7][16] а според Георги Христов и 1 влашка.[17] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период дава 60 куќи на Македонци христијани.[18]

Во Грција

Thumb
Споменик на загинатите во „Македонската борба“, „Северноепирската борба“, Грчко-турската и Граѓанската војна.

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 107 жители.[3] Од 1914 до 1919 г. 50 жители, а по 1919 г. уште 55 жители се преселиле во Бугарија по официјален пат.[19] Сепак, на пописот од 1920 г. Жужелци се води со 99 жители.[3] Во 1928 г. селото е преименувано во на Спилеја, кога повторно имало 107 жители.[3]

Во документ на грчките училишни власти од 1941 г. се вели дека во Жужелци

населението е словенско... се зборува на грчки и на словенски.[20]

За време на Втората светска војна во е создаден огранок на Цетралниот бугаромакедонски комитет, како и чета на бугарската паравоена организација „Охрана“. Селото е изгорено од Германците.[21] За време на Граѓанската војна селото повторно силно настрадало, поради што 124 лица се преселиле во НР Македонија и некои источноевропски земји, а други се засолниле во околните села. По војната дошло до масовно иселување во прекуокеанските земји, кое започнало уште пред Втората светска војна.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

Жители на селото во 1940 година (по име е наведен најстариот маж во семејството, а во заграда е даден бројот на членови во семејството):

Димирков Ристо (8), Димирков Паскал (5), Бонков Ѓорго (4), Бонков Доне (6), Бидов Михали (4), Калчов Тоди (6), Мељов Благој (7), Калчов Ѓорго (4), Зупа Симеон (5), Љамов Атанас (6), Копсаров Никола (8), Шометом Андреја (4), Калчов Симо (2), Влахов Ахилеа (3), Утевски Стерјо (12), Димов Сотир (6), Љасов Димитар (6), Голгов Ристо (9), Франко Стерјо (4), Љукаровски Коста (9), Варсамовски Ташо (9), Романовски Сотир (7), Романоски Ѓорго (4), Попташов Иљо (4), Попташов Тимјо (5), Тригонин Фоти (4), Маровски Глигор (10), Грижовски Коста (9), Фрашов Наум (7), Зупа Коста (4), Зупа Бориц (5), Цеков Кољо (6), Сикавица Цилко (6), Сикавица Никола (4), Сикавица Атанас (3), Крстовско Фиљо (5), Ќучок Сотир (9), Ќучок Димо (4), Четерклиев Пандо (5), Гогљова Риса (2), Паскал Сотир (5), Дијадовски Фоти (8), Танков Петре (5), Бурова Арсенка (1), Љаоов Каљо (6), Цуцков Томе (5), Цуцков Паскал (9), Цуцков Пасо (7), Баључев Васил (5), Шаљов Типе, Попѓоргиевски Типе (6), Журкова Василца (3), Каравени Шоме (6), Шаљов Ристо (6), Руков Лазо (4), Жаиковски Никола (9), Макиов Спиро (7).

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads