Жупан (село)

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Жупан (село)
Remove ads

Жупан (грчки: Πεντάλοφος, Пендалофос; до 1928 г. Πετρόβουνο, Петровуно,[2] до 1927 г. Ζουπάνι, Зупани[3]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 272 жители (2021).

Кратки факти Жупан Πεντάλοφος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Населица, на југоисточните падини на планината Горуша, на надморска височина од 1.040 м, крај патот кој води за Борботско и Коница.[4] Во непосредна близина на селото е сместен Жупански мост.

Историја

Во Отоманското Царство

Во даночните записници од средината на XV век Жупани е споменато со 21 глава на семејства и една вдовица: Јорги, Димо, Мартин, Миле, Папа Стефан, Краимирос, Мано, Коста, Никша, Никола, Коста, Димос, Волкан, Михо, Јорги, Михо, Стајо, Николас, Јане, Михо, Никола и Стана. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.112 акчиња.[5]

Во XIX век Жупан било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, населението на Жупан броело 1.750 жители, сите Грци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Жупан живееле 1.675 Грци.[7]

Според грчка статистика од 1904 г. во Жупан живееле 2.200 Грци христијани.[8]

Во Грција

По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 2.323 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 1.708 лица.[4]

Во 1927 г., името на Жупан му било применувано во Петровуно, но во 1928 пак му било применувано во денешното име Пендалофос.[2]

Remove ads

Стопанство

Неговото население произведува компири, жито и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.[4]

Население

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 2.323 жители, во 1920 година со 1.560 жители, во 1928 година со 1.708, во 1940 година со 1.752, во 1951 година со 1.144, во 1961 година со 981, во 1971 година со 814, во 1981 година со 789, а во 1991 година со 652 жители.[4]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 38 квадратни километри.[4] Општината Жупан била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Жупан со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жупан, во кој е единствено село.

Remove ads

Општествени установи

  • Полициска станица
  • Пошта

Културни и природни знаменитости

Thumb
Фреска со царевите Александар Македонски, Кир Велики, Пор и Дариј III од композицијата „Страшниот суд“ во црквата „Св. Ахил“, XVIII век
Цркви
Мостови

Личности

Родени во Жупан

  • Јанис Џорџиос (1750 - 1800) — ајдутин

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads