Загадувач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Загадувач — супстанца внесена во животната средина која има несакани ефекти или негативно влијае врз природните ресурси. Загадувачот може да предизвика долгорочни или краткорочни последици врз растенијата, животните и луѓето. Некои загадувачи се биоразградливи и затоа не остануваат долготрајно во животната средина. Меѓутоа, разградливите производи на некои загадувачи се самите загадувачи како што се производите DDE и DDD произведени од разградувањето на DDT.

Remove ads
Различни видовина загадувачи во природата
Загадувачите, кон кои животната средина има низок впивачки капацитет се нарекуваат загадувачи на залиха.[1] (на пр. постојани органски загадувачи како што се ПХБ, небиоразградлива пластика и тешки метали). Овој вид на загадувачи се акумулираат во животната средина постепено. При зголемена концентрација на загадувачите воедно и нивната штета за животната средина се зголемува. Загадувачите во залиха можат да создадат потешкотии за идните генерации, бидејќи штетата од истите не е моментална туку истата настанува подоцна.[1] Научниците службено оцениле дека планетарните граници на безбедно ниво на хемиски загадувачи (нови ентитети) веќе се надминати.[2]
Позначајни загадувачи
- Жива (Hg)
- Неразградлив органски загадувач (POPs)
- Озон
- Цврсти честички (PM)
- Упорни фармацевтски загадувачи на животната средина (EPPP)
- Полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs)
- Испарливи органски соединенија (VOCs)
Средни загадувачи
Средните загадувачи се оние загадувачи кои помалку штетно влијаат на животната средина.
Светлински загадувачи
Светлинското загадување е влијанието што антропогената светлина го има врз видливоста на ноќното небо. Исто така тука се опфаќа и еколошкото светлосно загадување кое го опишува ефектот на вештачката светлина врз поединечните организми и врз структурата на екосистемите како целина.
Remove ads
Зони на влијание
Загадувачите може да се дефинираат и според нивните зони на влијание, хоризонтално и вертикално.[1]
Хоризонтална зона
Хоризонталната зона се однесува на областа која е оштетена од одреден загадувач. Локалните загадувачи предизвикуваат штета во близина кај изворот на емисиите. Регионалните загадувачи предизвикуваат штета подалеку од изворот на емисија.[1]
Вертикална зона
Вертикалната зона се однесува на тоа дали штетата е на ниво на земјата или е атмосферска. Површинските загадувачи предизвикуваат штета преку акумулирање на површината на Земјата. Глобалните загадувачи предизвикуваат штета со концентрирање на загадувачоите на атмосферата.
Remove ads
Регулација
Меѓународно
Загадувачите можат да ги преминат меѓународните граници и затоа се потребни меѓународни регулативи за нивна контрола. Стокхолмската конвенција за постојани органски загадувачи, која стапи на сила во 2004 година, е меѓународен правно обврзувачки договор за контрола на постојаните органски загадувачи. Регистрите за испуштање и пренос на загадувачи (PRTR) се системи за собирање и пренесување на информации за трансферите на токсичните хемикалии кои се испуштаат од индустриски и други капацитети.
Европска унија
Европскиот регистар за емисии на загадувачи е вид на PRTR што обезбедува пристап до информации за годишните емисии на индустриските капацитети во земјите-членки на Европската унија, како и во Норвешка.
Соединетите Држави
Стандарди од Законот за чист воздух. Според Законот за чист воздух, Националните стандарди за квалитет на амбиенталниот воздух (NAAQS) се развиени од Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) за шест вообичаени загадувачи на воздухот, исто така наречени „критериумски загадувачи“: цврстите честички; смог и озон; јаглерод моноксид; сулфур оксиди; азотни оксиди; и олово.[3] Националните стандарди за емисии за опасни загадувачи на воздухот се дополнителни стандарди за емисии што ги поставува EPA за токсични загадувачи на воздухот.[4]
Стандарди од Законот за чиста вода. Според Законот за чиста вода, Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) ги објави националните стандарди за пречистителни станици за комунални отпадни води, исто така наречени Стандарди за третман на работи кои се во јавна сопственост, во Регулативата за второстепен третман.[5] Националните стандарди за индустриски загадувачо се нарекуваат упатства за постоечки извори и Стандарди за изведба на нов извор, и моментално покриваат над 50 индустриски категории.[6] Дополнително, Законот бара од државите да објавуваат стандарди за квалитет на водата за поединечни водни тела за да обезбедат дополнителна заштита кога националните стандарди се недоволни.[7]
Стандарди од Законот за зачувување и обновување на ресурси. Законот за зачувување и обновување на ресурсите (RCRA) го регулира управувањето, превозот и отстранувањето на комуналниот цврст отпад, опасниот отпад и подземните резервоари за складирање.[8]
Remove ads
Поврзано
- Конвенционален загадувач - Закон за чиста вода на Соединетите Држави
- Список на проблеми на животната средина
- Показател на стандарди за загадувачи
- Загадување
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads