Невреме
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Невреме – која било опасна метеоролошка појава со потенцијал да предизвика штета, сериозно општествено нарушување или загуба на човечки живот.[1][2][3] Видовите на тешки временски појави се менуваат во зависност од географската ширина, надморската височина, топографијата и атмосферските услови. Силен ветер, град, прекумерни врнежи и пожари се облици и ефекти на јако невреме, како и грмотевици, врнежи, торнада, поплави, тропски циклони и вонтропски циклони. Регионални и сезонски тешки временски појави вклучуваат снежни бури, ледени бури и песочни бури.[4]
Remove ads
Неверемето како мотив во книжевноста
- „Мартовско невреме“ - песна на рускиот поет Сергеј Главјук.[5]
- „Виулица“ - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1924 година.[6]
- „Хиерогамија“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[7]
- „Тишина по бурата“ (италијански: La quiete dopo la tempesta) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[8]
- „Бура и друго“ - поетска збирка на италијанскиот писател Еуџенио Монтале од 1956 година.[9]
- „Бура“ - песна на арапскиот поет Имрул Кајс.[10]
- „Нашето невреме“ - песна на рускиот поет Борис Пастернак од 1917 година.[11]
- „По невремето“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[12]
- „Кремљ во снежната бура кон крајот на 1918 година“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1918 година.[13]
- „Бура“ - песна на рускиот поет Владислав Ходасевич од 1921 година.[14]
- „Фортуна“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[15]
- „Бура“ (англиски: The Tempest) - драма од Шекспир.
- „Бура“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[16]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads