Заграчани
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Заграчани — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Заграчани живееле 225 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заграчани е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.075 жители, од кои 1 Македонец, 1.071 Албанец и 3 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 736 жители, од кои 719 Албанци и 17 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Заграчани е албанско село.
Родови во селото се: Ќосе или Асани (30 к.), Бајро (20 к.), Тушо (8 к.) и Прендовци или Прент (8 к.) ова се стари доселенички родови. За родот Прент се зборува дека се доселени од областа Черменик (село Прент) во јужна Албанија и дека таму биле православни Македонци. Од Прент се иселиле како три куќи тројца браќа. Едниот се иселил во Заграчани, вториот во Мислешево (таму се христијани Македонци), а третиот отишол во Гостиварско. Родовите во Мислешево и Загрчани порано се пазеле како роднини; Дида (10 к.), Октишани (15 к.) и Леши (2 к.) овде живеат од периодот помеѓу двете светски војни. Првите се дослени од селото Горна Белица, вторите од селото Октиси (тие се Торбеши), а третите се од селото Радолишта. Родот Дида знае дека уште подалечно потекло има од областа Матија во Албанија.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Спасе Вевчански — светец
- Спаса Вишенска — светица
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads