Горна Белица
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Белица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.
Remove ads
Потекло на името
Првото име на Горна Белица било Бела, добиено од белината на реката Беличка Река, што се пени на стрмниот тек.[2]
Со време се појавиле две населби, поради што селата ги добиле имињата Горна и Долна Белица.
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е планинско и мошне високо, на надморска височина од 1.420 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 14 километри.[3]
До него се стигнува по магистралниот пат од Струга што води кон граничниот премин Ќафасан.
Селото повеќе служи како викенд-населба отколку како постојано живеалиште.[2]
Remove ads
Историја
Според една теза, селото било основано од деселеници од Москополе, денес во Албанија. Се претпоставува дека Власите се населиле околу 1730 година.[4] Овие Власи претежно се занимавале со сточарство и продавање на млечните производи.[2]
Во втората половина на XIX и XX век, во селото постоеле 40 дуќани, со што бил развиен и важен трговски центар. Пазарен ден бил петок, кога доаѓале жители и од Албанија. Со тоа, селото претставувало центар на струшката трговија.[2]
По завршувањето на Втората светска војна, во селото во 1944 година било отворено училиште на македонски јазик. Училиштето го носело името „Св. Климент“.[2]
Во XIX век, Горна Белица било село во рамките на Струшката нахија, на Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Во катастарската евиденција за ова село не постојат аграрни податоци.[3]
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 132 домаќинства и 350 жители мажи.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горна Белица имало 1.000 жители, од кои 150 Албанци муслимани и 850 Власи.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горна Белица имало 1.200 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Власи.[8]
Селото е мошне мало и во 1961 година броело 27 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на двајца жители, Власи.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Горна Белица живеел 1 жител, Македонец.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Хотел на Електростопанството ХЦ „Глобочица“
- Поранешно основно училиште
- Планинарски дом „Горна Белица“
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Велешта.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вевчани, во која покрај селото Горна Белица, се наоѓале и селата Вевчани и Октиси. Во периодот 1950-1952 година, селото Горна Белица било дел од некогашната општина Вишни, во која влегувале селата Вишни и Горна Белица.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1885 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Вишни, кое ги опфаќа селата Вишни и Горна Белица.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Вајнос — богато археолошко наоѓалиште, каде што може да се најдат различни стари предмети поради што често е мета на диви копачи. Според археолозите, таму имало и леарница, голема јавна бања, а во римско време ова била значајна попатна станица на Вија Егнација. Таму има остатоци од камените плочи со кои била поплочена најголемата патна артерија во Римското Царство; и
- Писаник — се наоѓа во близината на Вајнос, каде што има многу камени плочи на кои има исцртано најразлични фигури.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Троица“ — помала црква, надвор од селото
- Црква „Св. Климент Охридски“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Недела“ — најнова црква во селото.
- Џамии[17]
- Џамија — главната селска џамија.
- Реки[18]
- Беличка Река — притока на Црн Дрим.
Remove ads
Личности
- Родени во Горна Белица
- Захарија Пана (1921-2001) — романски поет, писател и публицист.
- Фила Наумова Буши (1921 — ) — учесник во НОВ на Македонија
Потекло
- Игор Стефановски-Иџе — македонски автомобилист.
Галерија
- Куќи во селото
- Поглед на селото
- Дел од Горна Белица
- Куќи во селото
- Дел од Горна Белица
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads