Национален парк Јазмунд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Национален парк Јазмунд
Remove ads

Националниот парк Јазмунд (германски: Nationalpark Jasmund) е природен резерват на полуостровот Јазмунд, во североисточниот дел на островот Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Тој е познат по најголемите кредести карпи во Германија, т.н. Кенигсштул (Königsstuhl; „кралски стол“). Овие карпи се високи до 161 метар над Балтичкото Море. Недопрените букови шуми над и зад карпите се исто така дел од националниот парк.

Кратки факти Национален парк Јазмунд, Место ...
Кратки факти светско наследство на УНЕСКО, Критериум ...

Протегајќи се на 30 км², ова е најмалиот национален парк на Германија. Паркот бил основан во 1990 од последната влада на Источна Германија, пред повторното обединување на Германија.

На 25 јуни 2011, буковите шуми во националниот парк биле додадени на списокот на УНЕСКО за светско природно наследство, како дел од направеното проширување на буковите шуми во Карпатите и древните букови шуми во Германија.

Remove ads

Кредести карпи

Кредестите карпи се соочуваат со постојана ерозија. Со секоја бура, делови од карпите отпаѓаат, вклучувајќи камења и фосили на сунѓери, остриги и морски ежови.

Најизвонреден дел од карпите е 118 метри високиот Кенигсштул (Königsstuhl; „кралски стол“). Еден од најсликовитите делови и најпознат по кредестиот надворешен слој, Висовер Клинкен (Wissower Klinken), паднал во Балтичкото Море на 24 февруари 2005 во лизгање на земјиштето предизвикано од пролетното топење.

Remove ads

Флора и фауна

Поради специјалните геолошки одлики на Националниот парк Јазмунд, тој е дом на многу ретки растенија и животни.

Постојат многу мали езерца-мочуришта во шумите зад карпите. Во шумите Штубниц постојат бројни неисушени дупки и јами исполнети со вода, многу од нив настанати од леденото доба. Ова е место на многу растенија, како црна јасика, диво јаболко, тиса и видови на орхидеи.

Орнитологистите може да најдат разновидни птици, дел од нив се белоопашест орел, рибарче, градска ластовичка и сив сокол.

Remove ads

Посетители

Од неговото основање во 1990, Националниот парк Јазмунд привлекува стотици илјади посетители годишно. Затоа, една од основните задачи на властите на националниот парк е да управува со овој наплив на посетители со цел да обезбеди туристите да не го нарушат и попречат животот на животните, во истовремено обезбедувајќи им на посетителите да ја видат и почувствуваат природата во областа. Во март 2004 бил отворен центарот за посетители, наречен Кенигсштул.

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads