Зарапинци

село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia

Зарапинциmap
Remove ads

Зарапинци или Зарепинци[а] — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Зарапинци е сместено во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река, а од Пробиштип е оддалечено 9 км. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 425 м. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 4,5 км2.[2]

Историја

Во XIX век, Зарапинци се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Во 2014 г. на селото е официјално преименувано во Зарапинци.[4]

Стопанство

Вкупната земјоделска површина во атарот на селото изнесува 423 ха. Од нив 213,5 се пасишта, 204,5 ха се обработливо земјиште, а остатокот отпаѓа на шуми.[2][5]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зарапинци имало 42 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зарапинци имало 48 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 7, а бројот на живеалишта 12.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Зарапинци е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Грамодолци (4 к.) единствени староседелци во селото.
  • Доселеници: Горовци (3 к.) доселени се во првата половина на XVIII век од Прилепско; Спасовци (4 к.) доселени се на крајот од XVIII век од Кривопаланечко; Камењарци (1 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Лесново; Димовци (2 к.) доселени се после турското владеење од селото Гујновци; Лазовци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Горно Барбарево; Пржевци (1 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Кокошиње кај Куманово; Буја (1 к.) време на доселување како и претходните родови. Доселени се од селото Мартиница кај Крива Паланка; Џемпараци (1 к.) време на доселување како и претходните родови, доселени се од селото Габар кај Крива Паланка; Арсовци (1 к.) доселени кога и претходните родови. Доселени се од Црцорија кај Крива Паланка.[14]
Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Пејзаж во Злетовско-пробиштипско со селото Зарапинци од левата страна

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Зарапинци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1544 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]


Remove ads

Белешки

  • а Во различни извори, селото се среќава под името „Зарапинци“[2][5] или „Зарепинци“.[9][17]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads